Бременост: 26 недела

Бременост: 26 неделаФетусот е тежок околу 850 грама и долг е 23 см (мерено од темето до задникот).

Бебето сега има повеќе коса на главата. Бебето полека станува пополничко, но кожата се уште му е набрчкана, бидејќи  нема доволно сало. Кожата е многу тенка, па затоа можат  да се видат крвните садови под кожата.

Помеѓу 26-та и 29-та недела, бебето двојно ќе порасне и ќе добие околу 400 грама на тежина.

Вие до сега, веројатно имате додадено помеѓу 8 и 10 килограми. Може да забележите протекување на жолтеникава течност од вашите гради, но ова не е вообичаено. Тоа се нарекува колострум, и тоа обично се случува после раѓањето, пред  да почне да тече млекото. Колострумот е првата храна за бебето. Содржи голема количина на вода, протеини, шеќер, витамини и минерали, како и антитела, кои на бебето му дарува пасивен имунитет. Затоа е многу важно бебето веднаш да почне да цица.

Што треба да направите?

Може да почнете да размислувате кое име ќе му го дадете на детето. По раѓањето, ќе имате уште неколку дена за да одлучите, пред да го пријавите бебето.

Одморајте секогаш кога ќе можете. Во овој период сигурно ќе имате проблеми со спиењето, па поради тоа секоја укажана прилика за тоа, искористете ја.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.