Бремени жени патувајте удобно со автомобил

Бремени жени патувајте удобно со автомобилЗа време на бременост, не се препорачува седење подолго време на едно место, бидејќи може да дојде до отекување на стапалата и до појава на грчеви во нозете. При патување на подолги релации со автомобил, важно е да се подготвите и да правите чести паузи.

 

 

 

 

Што треба да носите со себе:

–          минерална вода

–          здрава ужина

–          перница

–          чорапи и папучи

–          кеси за повраќање

–          влажни марамчиња

Поради циркулација на крвта важно е да се прави пауза од возење најмалку на секои 90 минути. Во текот на паузата прошетајте или едноставно протегнете се. (Во некои ситуации ќе морате да правите и почести паузи поради честото мокрење).

Носете удобни чевли, внимавајте со оние од кои можете да се лизнете, како на пример,  апостолките и влечките со едно ременче. Седиштето да ви биде навалено на удобна позиција, со ставен сигурносен појас.

Пробајте да правите лесни вежби во текот на патувањето: истегнете ја едната нога, прстите од стапалото движете ги нанапред сè додека не почувствувате како мускулите на листот се затегаат. Потоа ротирајте ги зглобовите на нозете и рацете. Повторете ја вежбата ѝ  со другата нога. Оваа вежба е препорачлива за сите трудници, бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта во телото, при што нема да дозволи  згрутчување на крвта.

Да не ја заборавиме и водата. Пијте во редовни интервали, по малку. Вака се намалува ризикот од дехидратација и згрутчување на крвта.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.