Дали е безбедно да се патува со авион во третото тромесечје?

Дали е безбедно да се патува со авион во третото тромесечје?Иако ова би можело  да биде совршено безбедно  патување за вас во текот на вашиот трет триместар (до 36 недела), потребно е да разговарате за вашето патување со вашиот гинеколог пред да ја резервирате картата за вашиот лет. Во некои високо- ризични случаи, лекарот може да ви советува да останете блиску до дома во текот на вашата бременост. Ако носите близнаци , имате шеќерна болест или висок крвен притисок, имате абнормалности поврзани со плацентата или имате вагинално крварење, кое е предуслов за предвремено породување или сте имале проблеми со циркуларниот систем (можност за згрутчување на крвта) уште пред бременоста, лекарот сигурно ќе ви го одложи патувањето.

Дури ѝ ако немате никакви компликации, најдобро е да го избегнете летањето за време на вашиот последен месец. Многу авиокомпании имаат правила кои не дозволуваат бремена жена да лета доколку терминот за породување и е пократок од 30 дена. Сигурно ќе ви побараат  белешка од вашиот лекар кој ќе го напише  очекуваниот датум на породување.

Многу е важно, пред да заминете, да се информирате за најблиската болница во вашата дестинација во случај да ви треба медицинска помош за време на вашиот одмор. Носете со себе копија од вашиот здравствен картон и книшката за бременост, каде треба да ја има евидентирано вашата возраст, предвиден термин за породување, последна менструација, број и резултати од претходна бременост, фактори на ризик за болест, лабораториски тестови и белешки од ултразвучни прегледи, медицинска и хируршка историја.

Ако сте решиле да патувате, резервирајте си седиште во средината на авионот каде би имале повеќе простор за нозете. Во текот на патувањето, препорачливо е да се раздвижувате на секои 30 минути за да имате подобра циркулација на крвта во нозете.

Сигурносниот појас кој треба да го носите во текот на патувањето додека седите, треба да биде поставен под стомакот и ниско на колковите. Пијте многу течности, особено вода, за да се одбегне дехидрација. Кофеинот делува како диуретик, па затоа е најдобро да избегнете кафе, чај и пијалоци кои содржат кофеин пред и за време на летот. Внимавајте што ќе јадете и пиете пред полетувањето. Зелката и гравот можат да ви создадат гасови и тегоби во желудникот кои би било пожелно да ги избегнете.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.