Знаци за паника во бременоста

Знаци за паника во бременоста Голем е бројот на трудници кои се вознемируваат при секоја најмала болка. Сепак, има и жени кои ги игнорираат знаците за предупредување, мислејќи дека се нормални симптоми во бременоста.

За да не ве фаќа паника, најдобро е да ги научите можните симптоми кои се појавуваат во бременоста и бараат итна посета на лекар.

Крвавење

Крвавењето (во било кој триместар) е алармантен знак кој бара итно да појдете на лекар. Ако крвавите обилно, иматe болки во стомакот и чувствувате менструални грчеви, можно е овие знаци да укажуваат на вонматерична  бременост. Крвавењето, исто така може да биде симптом на спонтан абортус или знак за појава на неправилности кај плацентата.

ЧЕСТО повраќање

Гадење и повраќање се дел од бременоста за некои жени. Меѓутоа, ако повраќате  премногу често, би можеле да дехидрирате и на тој начин може да се наштети на развојот на бебето.

Бебето е сè повеќе посмирено

Некои бебиња се активни, но вие сигурно знаете во кое време и колку често вашето бебе е смирено или пак се движи. Ако забележите дека движењата на бебето сè повеќе се намалуваат, тоа значи дека бебето не може да добие доволно кислород. Како да проверите и да знаете што се случува? Напијте се нешто ладно или јадете, потоа легнете на грб и чекајте за да ги почувствувате движењата на бебето. Ако бебето не мрда, посетете го веднаш вашиот гинеколог.

Контракции

Појавата на контракции на почетокот на третиот триместар може да биде знак за предвремено породување. Сепак, она што ги збунува мајките се појавата на лажните контракции кои се појавуваат во овој период. Лажните контракции се непредвидливи, тие не го зголемуваат интензитетот и не се појавуваат во редовни интервали. Обично престануваат после еден час. Ако не сте сигурни, појдете на лекар.

Прееклампсија

Упорни и тешки главоболки, болки во стомакот, поточно во горниот дел од стомакот, веднаш под ребрата, гадење и повраќање, намалено количество на урина или изостанување на мокрењето, проблеми со видот и појава на отоци на рацете, нозете и лицето во текот на третиот триместар може да се симптоми на прееклампсија. Ова е сериозна состојба која може да биде фатална. Ова нарушување се карактеризира со висок крвен притисок и вишок на протеини во урината. Ако забележите некои од овие симптоми, итно појдете на лекар.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.