Совети за среќен брак

Совети за среќен бракКомуникација – е еден од најважните клучеви за здрав и среќен брак. Во секој брак има проблеми за кои треба да се разговара со партнерот. Немојте да се затворате во себе, така нема да го решите проблемот кој ве мачи. Секогаш треба да бидете подготвени да слушате. При разговорот вклучете го своето целосно внимание.

Бидете независни – тоа што сте венчани, не значи дека треба да бидете неразделни. Секој човек има потреба за малку мир и време за себе. Понекогаш едноставно сакате да прошетате сами и да размислите за проблемите кои ве мачат. Во ред е да сакате свој простор, но многу е важно ова да му го кажете на својот партнер. Веќе долго време сте во брак и понекогаш заборавате во суштина колку сте различни. Добро е да имате различни интереси. Различните работи секогаш се привлекуваат, а тоа значи дека секогаш ќе имате интересни теми за разговор.

Довербата е најважна –  вашиот партнер никогаш не треба да помисли дека може да му бидете неверни. Вие сте искрени, отворени и посветени. Тоа е сè што му е потребно на вашиот партнер. Вашата емоционална стабилност и спокојство ќе ви помогне да верувате еден во друг.

Бидете другари – понекогаш другарите знаат да се скараат и да бидат подолго време лути еден на друг. Ако сте се скарале, потрудете се да се одвоите и смирите, а подоцна да разговарате отворено за проблемите. Слушајте се додека разговарате, а не постојано да го раскажувате своето гледиште на проблемот. Многу е важно никогаш да не викате еден на друг.

Сексот како оружје за смирување –  да, да, на ова сигурно ќе се насмеете, но навистина е еден од најчестите и најдобрите начини за помирување помеѓу партнерите. Водењето љубов е свет чин во секој брак, па затоа немојте да го користите како казна или манипулација за својот партнер.

Немојте да дозволите вашите амбиции за градење кариера да ви го расипе бракот – до развод може да дојде доколку сте преоптоварени со работа и едноставно да немате време за својот партнер и своите деца. Имајте го ова на ум, претераната амбициозност, не може да ви овозможи среќен и убав брак.

Разговарајте за деца – доколку сте тазе во брак, ќе имате доволно време да дискутирате за своите чувства, потреби и желби. Ако веќе имате едно дете, разговарајте за можните компромиси, задачи и потреби пред да се одлучите за друго дете. Секогаш бидете подготвени да направите нешто што никогаш досега не сте направиле, во замена за слично однесување на вашиот партнер.

Сето ова е дефиниција за една голема љубов. Секогаш имајте ја на ум вашата цел, а тоа е да имате среќен брак. Секогаш зборувајте и правете го она што ќе ви овозможи да имате убав и исполнет брак.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.