Што е она што никогаш не треба да ѝ го кажете на свекрвата

Што е она што никогаш не треба да и го кажете на свекрватаОдносот меѓу свекрвата и снаата по „правило“ е секогаш комплициран, дури во одредени ситуации и тежок. Одамна се верува дека овие две жени не можат заедно да функционираат. Секако, за ова ќе кажеме дека не е така, но многу често се појавуваат одредени кавги и негодувања за кои потребно е да „решаваат“ синовите, т.е. сопрузите.

„Кога ќе влезе младата жена во семејството, свекрвата започнува да се бори за љубовта на синот, а пак снаата за љубовта на мажот. Најтешка задача има синот, т.е. сопругот. Тој е должен да ги разреши поголемиот дел од кавгите и несогласувањата. Бидејќи е врзан ѝ за мајката ѝ за сопругата, мора да постави граница која не смее да се преминува“, објаснува психолог Сања Тасевска.

За да имате мир во куќата, научете што не треба да кажете на свекрвата и како да се однесувате во некои напнати ситуации:

Што е она што никогаш не треба да и го кажете на свекрвата„Нашата куќа е отворена во секое време за Вас. Ние сме тука секогаш кога ќе ви е потребна помош“

Ова немојте да го велите, ако навистина не го мислите. Свекрвата ова може да го сфати „буквално“, па за секоја ситница може да доаѓа во било кој дел од денот и ноќта. Најдобро е да имате воспоставено темпо кога и како ќе се гледате (семејни ручеци, заеднички прошетки и сл.).

„Само еднаш да се најдете во ситуација да не можете да бидете тука за неа, и тоа како ќе ви замери, а што е најстрашно ќе излезете ѝ лажга“, вели психолог Сања Тасевска.

Што е она што никогаш не треба да и го кажете на свекрвата„Зошто Вашиот син не сте го научиле да…“

Ако ѝ го кажете ова на свекрвата, многу ќе ја навредите. Не можете да барате виновник за постапките на вашиот сопруг. Најдобро е да разговарате со него и да се потрудите да го научите на некои работи кои сметате дека ги пропуштила неговата мајка.

 

 

 

snaa-svekrva 3„Не ми е потребно Вашето мислење“

Оваа реченица може да остави последици во вашиот однос. Факт е дека свекрвата знае „сè“ и секогаш нејзиниот предлог и совет е најдобро намерен, но Вие морате љубезно да ѝ заблагодарите на нејзините совети и да си продолжите по свое.

„Доколку продолжи ѝ понатаму да го наметнува своето мислење, бранете се така што ќе и речете дека заедно со вашиот сопруг (нејзиниот син) сте донеле одлука да го послушате на пример, докторот или наставникот. Ако ѝ ова не успее, тука треба да се вклучи сопругот, т.е. синот кој треба да ѝ објасни на својата мајка дека има теми за кои не треба да се меша“, вели Тасевска.

„Многу ми е убаво кога сум со мојата фамилија“

Ова сигурно ќе го разбере погрешно. Особено, ако секој празник го славите со твоите родители и ако насекаде во вашиот дом има фотографии од вашите дружења.

„Природно е снаата да биде поврзана со родителите, но мора да прифати дека сега е член на друга фамилија и ова колку порано го прифати толку подобро ќе се прилагоди“, објаснува Тасевска.

Најдобро е да направите план со својот сопруг, кога и со кого ќе се гледаат, но доколку еден од вас двајцата, сака повеќе време да поминува со својата фамилија, во ред е да појде сам или со своите деца.

Што е она што никогаш не треба да и го кажете на свекрвата„Дали ќе и кажете на Вашата ќерка во мое име“

Немојте да мислите дека вашата свекрва ќе ве подржи и ќе застане на ваша страна, таа има свое дете и нормално е, да го правда и штити во ситуации кога вие сте во право. Доколку имате проблеми со братот или сестрата на вашиот сопруг, ова треба да го реши сопругот без да ги вклучувате родителите.

 

 

„Вашиот ручек е премногу солен и мрсен…“

„Зошто мораш да му се јавуваш на синот секој ден?“

„Не сакам да седам дома и да раѓам деца, додека вашиот син гради кариера…“

„Барам куќна помошничка, пеглањето и чистењето за мене се само губење време…“

 

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.