Припремете ги вашите деца за почетокот на новата учебна година

Припремете ги вашите деца за почетокот на новата учебна годинаЕуфоријата започна. Во тек се последните подготовки за на училиште. Родителите на малите и големите ученици се растрчани по продавници, некои по школски прибор, други по нова облека и чевли.

Покрај сите обврски, родителите треба да се погрижат децата полесно да се привикнат на работната рутина во училишните денови.

Еве што треба да направите:

Вратете го детето во ритам (важи и за првачињата)

Неколку дена по ред треба да воведете ритам кој му одговара на навиките на вашето дете и кој ќе му помогне полесно да се вклучи во училишните обврски. Легнувањето порано во вечерните часови и станувањето рано наутро, е првата работа која треба да се примени, со цел детето да стекне навика порано да си легнува и станува. Привикнете го детето пред вечерното спиење, да ја подготвува облеката за следниот ден.

Укинете го долгото протегање и лежење во кревет, како ѝ појадување во пижами. Кога ќе се навикне на овој ритам, полесно ќе можете да го додадете во распоредот, учењето, пишувањето на домашните задачи и секојдневната подготовка на училишниот ранец за следниот ден.

Купување училишен прибор

Новата учебна година значи ѝ нови трошоци. Покрај неопходните книги и тетратки, немојте да заборавите колку е важно за детето да појде на училиште со нов училиштен ранец и прибор. Најдобро е да ги купите оние работи за кои сте сигурни дека ќе му требаат, на пример, пенкала, моливи, гуми, линијар, боички… секако, во зависност од потребата и возраста на детето.

За останатото, почекајте да добиете информации од учителката или наставникот. Во текот на септември, гледајте да ги искористите попустите, особено за  некои работи кои ќе морате да ги купувате во текот на целата година.

Купување нова облека

Што ќе се облече на првиот училиштен ден е особено важно за девојките. Не претерувајте со купување нова летна гардероба, бидејќи идат постудени денови.  Кога ќе тргнат децата на училиште, најчесто се враќаат дома со нови идеи за тоа што е модерно и што ќе се носи во иднина. Затоа, за родителот подобро е да го одложи купувањето на облека по почетокот на учебната година.

Потрудете се да го намалите стресот и нервозата кај детето

Најголем стрес претставува започнувањето во прво или петто одделение во основно училиште, како и започнувањето на средното училиште. Овој настан во животот на секој од нас оставил спомени. Потрудете се детето да го подготвите да ги прифати новите одговорности, да се прилагоди на новата средина, новиот ритам на живот и обврските.

Најважно е детето да го прифати училиштето уште на самиот почеток како место каде што ќе може да стекнува нови знаења и нови пријатели.

Неколку дена пред почетокот на учебната година, доколку е можно, можете да прошетате во училиштето или училишниот двор. На овој начин, детето ќе се опушти во исчекувањето на првиот училиштен ден (ова особено е важно за првачињата и децата кои го промениле училиштето).

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.