50% поголема парична помош за самохраните родители на деца со пречки во развојот

50% поголема парична помош за самохраните родители на деца со пречки во развојотОд почетокот на 2014 година, 260 самохрани родители на деца со пречки во развој ќе добијат зголемување на паричната помош во висина од 50 проценти на онаа што досега  ја земаа, ова денеска на прес-конференција го кажа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

“Посебниот додаток за самохрани родители на деца со пречки во развојот изнесува 4.280,00 денари, а со предлог мерката се предвидува зголемување на правото на посебен додаток при што истиот ќе се исплаќа во износ од 6.420,00 денари, за што во буџетот на Министерството ќе се обезбедат дополнителни средства во висина од 6.676,800 денари”, рече министерот Спасов.

За реализација на оваа предлог мерка следи измена на Законот за заштита на децата која ќе биде доставена до Владата на Република Македонија до крајот на септември и по усвојувањето ќе се достави до Собранието на Република Македонија.

“Со ова уште еднаш се потврдува посветеноста на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија континуирано да спроведуваат конкретни мерки за унапредување на положбата на родителите на децата, но и на самите деца со пречки во развојот. Остануваме посветени на оваа област и не се исклучува можноста дека во иднина ќе произлезат дополнителни мерки за поддршка”, истакна министерот за труд и социјална политика.

 

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.