Приказната за МАМА

Приказната за МАМАСи беше едно дете кое се подготвуваше да излезе од утробата на мајката и да дојде на свет.

Еден ден детето го запраша господ:

„Господе ми рековте дека утре ќе ме испратите на светот, но јас сум толку ситен и немоќен, како ќе живеам таму“?

Бог му одговори:

„Од сите ангели избрав еден само за тебе. Тие ќе те чекаат ќе те чуваат. Секој ден ќе пеат и ќе ти се смеат, така ќе ја осетиш нивната љубов и ќе бидеш среќен“.

Детето на тоа запраша:

„Добро, а како ќе ги разберам кога нешто ќе ми зборуваат, а не го знам нивниот јазик“?

Господ одговори:

„Ангелот ќе ти ги кажува најубавите и најслатките зборови кои ќе можеш да ги чуеш во светот и така внимателно и со љубов ќе те научи да зборуваш“.

Детето, повторно загрижено праша:

„Слушнав дека на земјата има многу лоши луѓе, кој ќе ме штити од нив“?

Господ многу сигурно одговори:

„Твојот ангел ќе те штити за било што, па макар и по цена на неговиот живот и ќе ти зборува за мене и ќе те научи за патишта кои водат до мене“.

Тогаш во рајот се прекина тишината и гласовите од земјата допреа до него.
Детето сфати дека мора да оди и го постави последното прашање:

„Господе кога веќе морам да одам, кажи ми барем како се вика мојот ангел“?

Господ на тоа со голема насмевка одговори:

„Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА“.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.