Аронијата спречува вируси и бактериски инфекции

Аронијата спречува вируси и бактериски инфекцииАронијата е зрнесто овошје, по изглед многу слично на боровинките. Потекнува од источниот дел на Северна Америка. Поради големата лековита моќ, станува доста популарна, така што многу брзо започнува да се одгледува ширум цела Европа.

Сè уште не е доволно позната помеѓу балканскиот народ. Многумина од Вас можеби ја имаат и во својот куќен двор, а немаат доволно информации колку е всушност лековита и здрава да се консумира.

Ова зрнесто овошје уште се нарекува и „сибирско овошје“, бидејќи може да живее и дава плод ѝ на многу ниски температури (-60 целзусови степени).

Постојат три видови на аронија:

Црвеноплодна аронија – расте од 2-4 метри во висина. Цветовите и се бели или бледо розови, плодот е црвен и отпорен на ниски температури. Има горчлив вкус и затоа не се препорачува да се јаде свежа.

Црноплодна аронија – расте во висина од 1 метар. Цветовите и се бели, на почетокот плодот е во црвена боја, а подоцна кога ќе созрее добива црна боја.

Виолетовоплодна аронија – е хибрид на црвеноплодната и црноплодната аронија.

Плодот зрее во август, а се собира во септември. Плодот е со слатко-киселкаст вкус, без лушпа и со ситни семки. Плодот не го напаѓаат ниту штетници, ниту пак, болести, затоа се вбројува во групата на еколошко- здрава храна.

Во светот аронијата се користи за подготвување на вино, мармалад, чаеви, сирупи, компоти и сл. Исто така, се користи како боја во пијалоци и јогурт.

Аронијата е богата со витамини и минерали. Поради големата концентрација на антиоксиданси е четири пати појак антиоксиданс од боровинките. Го прочистува организмот од штетни материи и тешки метали и како таква е многу корисна во борбата против малигни заболувања. Содржи биофеноли, танин, флавонид, антоцијани, витамин А, Ц, П (редок витамин), Б9, Б6, Б2, Е, калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор, како и редок овошен шеќер – сорбитол.

Свежите плодови се корисни кај стомачни проблеми и пролив, а од листовите се прави чај кој е добар за спречување на пролив и запирање на крварење на рани.

Чајот од сушена аронија се препорачува за подобрување на крвната слика и за лечење на чир на желудник.

Аронијата препорачливо е да ја јадете наутро и попладне, доволно е да јадете по 30-тина зрна на ден. Во големите маркети можете да ја најдете и како свежо замрзната и да ја јадете во текот на целата зима.

Лековити својства

–       Ја подобрува циркулацијата и ја прочистува крвта, каде овозможува правилно работење на жолчката и црниот дроб

–       Го намалува крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта

–       Ја ублажува мигрената и главоболката

–       Смалува воспаление и спречува развој на вирусни и бактериски инфекции

–       Помага при воспаление на вените и крвните садови

–       Штити од УВ зрачење

–       Аронијата го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма)

–       Го намалува воспалението на слузницата на желудникот, со што помага при лекување на чир на желудник и гастритис. Ги смирува и грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и го запира проливот

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.