Какви промени трпи женското тело после бременост

Какви промени трпи женското тело после бременостПрвите недели после бременост, телото на жената се менува. Постојат неколку клучни промени кои ги доживува скоро секоја жена:

1.    Губење на косата или нејзина промена

Неколку недели по породувањето, може да почнете да губите поголеми количини на коса. Просечен човек губи 100 влакна на ден, но во текот на бременоста жената губи многу помалку, поради беснеењето на хормоните. Во првите шест месеци после породувањето, хормоните полека се стабилизираат, но телото мора да го исфрли вишокот на коса и поради тоа започнува косата поинтензивно да паѓа. Оваа состојба е минлива, па затоа нема причина за загриженост, бидејќи косата се враќа во својот нормален циклус на раст.

2.    Промена на бојата на кожата

Некои жени имаат „последици од бременоста“. Бојата на кожата околу очите полека започнува да бледее, т.е. да се враќа во нормала. Оние жени кои страдале од воспаление на кожата на лицето, т.е. имале акни, полека нивната кожа започнува да се чисти. Некои жени, пак за време на бременоста имаат црвен осип околу устата и брадата или пак, страдаат од екстремно сува кожа. Оваа состојба ќе се стабилизира после неколку недели од породувањето.

3.    Промена на градите

Во текот на целата бременост, градите се подготвуваат за продукција на млеко. За еден ден или два, по породувањето градите стануваат црвени, потечени и болни. Некои жени имаат ѝ зголемена телесна температура, која поминува за кратко. Градите во оваа состојба можат да бидат околу 3-4 дена, се додека не се воспостави целиот процес на создавање на млекото и нејзино трошење, т.е доење.

4.    Промена на стомакот

Веднаш по раѓањето, матката може да ја почувствувате само со допирање на долниот дел од стомакот. После шест недели, матката полека се враќа во својата првобитна положба. Мистериозната кафена линија која ја имавте за време на бременоста ќе исчезне, но за жал стриите кои се создале и развиле во текот на бременоста нема да исчезнат наеднаш. Стриите кои имаат светло-црвена боја  за време и непосредно по бременоста, со тек на времето ќе стануваат бледи. После неколку недели може да започнете да правите лесни стомачни вежби, во кратки интервали.

5.    Болки во грбот

За време на бременоста, поради вашата тежина мускулите на грбот се затегнати постојано. Затоа ќе биде потребно извесно време за да можат грбните мускули да се протегнат. Додека стомачните мускули не зајакнат повторно, може да имате болка во грбот. Болки во грбот може да се појават ѝ поради лошата положба на телото за време на бременоста. Општо земено, овие проблеми треба да се расчистат во првите шест недели по породувањето. Ако имате и понатаму болки, појдете на лекар.

6.    Запек

Ако сте имале запек за време на бременоста , сè уште може да имате проблем, дури и откако ќе се породите. Епизотомијата или хемороидите може да се предизвикаат болки. Затоа се препорачува исхрана богата со растителни влакна и многу вода , млеко и сокови.

7.    Вагинални болки

Ако сте имале епизотомија , треба да користите ладни облоги по породувањето. Веднаш по породувањето, ќе почнете да имаат вагинален секрет, главно од крв и нецистотиите од матката. Овој исцедок се нарекува лохии кои може да траат неколку недели. Обично може да почнете да имате секс повторно за три до четири недели по породувањето. Ако доите, за време на сексот може да доживеете сувост на вагината, кое може да направи сексуалниот однос да ви биде многу непријатен. Ако не доите , очекувајте вашиот менструален циклус да се врати за период од околу седум до девет недели по породувањето . За доилките ова не важи, менструалниот циклус ќе ви се поврати после неколку месеци, односно кога ќе престанете да го доите своето дете

8.    Потечени нозе и проширени вени

Отокот во нозете кој се појавува за време на бременоста , ќе се намали многу брзо откако ќе се породите. Некои жени како последица од бременоста имаат распукани капилари и проширени вени. Пешачење и губење на тежина се првите активности кои треба да ги превземете за да се намалат болките и да се повлечат вените.

9.    Потење

Само после неколку дена по породувањето ќе почнете прекумерно да се потите, особено во текот на ноќта.Тоа е затоа што вашето тело треба да се ослободи од сите дополнителни течности кои ги има акумулирано во текот на бременоста.

10.  Ниво на енергија

Некои мајки велат дека чувствуваат повеќе енергија отколку што имале пред да останат бремени. Всушност, аеробниот капацитет на жената може да се зголеми до 20 отсто во првите шест недели после породувањето. Други жени велат пак, дека се премногу исцрпени по породувањето. Грижата за новороденчето, како и вишокот на телесна тежина прави да се чувствуваат слаби.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.