Диета 90 дена

Диета 90 денаЦелта на оваа диета, покрај намалувањето на килограмите е да доведе до промени на метаболизмот, со што се гарантира дека намалените килограми нема да се вратат.
Диетата трае 90 дена и за тоа време се ослабнува од 18-25 кгр. Ако е потребно да се намалат помалку килограми, диетата може да се прекине, ама тогаш нема да дојде до промена во метаболизмот.

Појадокот сите 90 дена е ист-овошје. Се јаде секогаш во пар,на пример, 2 јаболки, 2 круши, 2 портокала или една рака ситно овошје.

Диетата секогаш почнува со протеински ден и после овошниот ден пак се почнува со протеински.
Редоследот на деновите не смее да се менува.

ПРВ ДЕН

Ручек: Месо варено или печено во количина од 3 хотелски шницли, едно парче леб, салата (во неограничени количини). На крај, задолжително да се испие супа, но без фиде. Наместо месо може да се изедат 3 јајца варени или испржени.
Млеко, сирење и јогурт може да се јаде само овој ден, а наместо супа мора де се испие јогурт или млеко.

Вечера: Исто што и за ручек, само без супа и половина од количината на храна кој сте го изеле за ручек. Треба да се води сметка ако за ручек сте јаделе месо, мора да јадете месо и за вечера, а ако биле јајца, тогаш пак јајца.

ВТОР ДЕН

Ручек : Грав, грашок, леќа, ориз, компир (задолжително варено со додаток на зачини-бибер, кечап, варен патлиџан, оригано), парче леб и салата.

Вечера : Исто што и за ручек во помала количина (полна чинија за ручек, половина за вечера)

*Растојанието меѓу ручекот и вечерата треба да биде најмалку 4 часа.

ТРЕТ ДЕН

Ручек: Варена тестенина (шпагети, макарони) со додаток на зачини, пица само со кечап или било кое пециво во количина колку една пица.

Вечера: Две помали парчиња торта, 3-4 колачиња или 3 топки сладолед и задолжително едно ребро чоколадо за готвење.

*Растојанието меѓу ручекот и вечерата треба да биде најмалку три часа.

ЧЕТВРТИ ДЕН

Ручек :овошје
Вечера :овошје

*може да се јаде по 100гр. Бадеми, лешници или суво грозје….распоредено ова за цел ден. Храната се јаде на секои два часа.

Три пати за време на диетата (еднаш месечно) треба да се држи воден ден, кој доаѓа веднаш после денот со овошје, а после него се продолжува со протеинскиот ден.

Кафе и чај може да се пие во неограничени количини, но без шеќер.

Од кога ќе заврши диетата (после 90 дена), се јаде нормално, освен што овошјето останува уште 90 дена за појадок.
Ако во следните 3 месеци од завршувањето на диетата се изгубат 5 кгр., тоа значи дека дошло до промена на метаболизмот.
Ако не се изгубат тие 5 кгр., диетата треба да се повтори, но не и да се продолжи, а може да се продолжи после 3 месеци.

Количината на храна е поголема од онаа која секој дневно ја внесуваме. Без оглед на тоа, килограмите се губат.

Не треба да се изгуби надеж и волја затоа што се случува и по 10 дена тежината да не се промени, но потоа одеднаш се губат по 3-4 кгр.

Ништо не смее да се прескокнува затоа што секоја намирница си има своја намена.Организмот не смее да остане без неа.
Не е вообичаено да се јаде овошје за појадок, но организмот најпрво од него го искористува интегралниот шеќер кој го храни нервниот систем.

Чоколадото ги спречува алергиите кои се присутни баш кога се држат разни диети.
Добро е кога сте на половина од диетата да се проконтролира крвниот притисок и да се анализира крвната слика.
Оваа диета е всушност еден редослед, т.е. режим на исхрана кој помага да се ослабне и да се воведе ред во исхраната. Ова значи, ако се јаде тестенини во текот на еден ден, тој ден, цел ден да се јаде тестенини и да не се меша со друго нешто.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.