Развојот на фетусот зависи ѝ од исхраната на таткото

Развојот на фетусот зависи ѝ од исхраната на таткотоКанадски научници дошле до заклучок дека развојот на фетусот зависи од исхраната како на бремената жена, така и од исхраната на таткото.

Бремената жена треба да има доволно количество на витамин В9. Овој витамин го има во зелен зеленчук, овошје, месо и житни растенија. Тој е неопходен витамин кој женаta ја штити од абортус и од вродени дефекти кои можат да се појават кај фетусот.

За мажите, исто така е важно да го имаат овој витамин во себе. Ова било заклучено при направениот експеримент на неколку стаорци, при Канадскиот универзитет. Оние мажи кои јадат помалку, а неправилно  имаат поголем ризик од појава на вродени дефекти во развојот на кичмата на фетусот, черепот,  како и слаба развиеност на прстите или криви нозе. Мажите кои се хранат повеќе од доволно и се хранат неправилно , може да немаат доволно витамин В9 и тоа да влијае врз квалитетот на спермата.

Квалитетот на спермата зависи како од исхраната, така и од возраста на мажот. Постои една наука која се нарекува епигенетика, која го проучува влијанието на средината (исхрана, начин на живот, стрес) врз гените. Научниците заклучиле дека витаминот Б9 е неопходен, но не можеле да докажат која е идеалната количина од овој витамин кој влијае врз гените задолжени за правилен раст и развој на фетусот.

Сепак потребни се дополнителни истражувања за ова тврдење да биде во целост точно.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.