Како да му објасните на детето кој е Дедо Мраз

Како да му објасните на детето кој е Дедо МразПолека започнува предновогодишната еуфорија. Поголемиот број на домови веќе се накитени, особено оние во кои живеат мали деца. Елката ставена во дневна соба, натрупана со лампиони, ѕвездички, украсни ленти и светилки  во различни бои кои свират. Веќе се спомнува името Дедо Мраз, се раскажува приказната за него, а малите дечиња (оние кои знаат кој е Дедо Мраз, размислуваат кои желби и пораки да ги напишат и испратат до него).

Овие денови, родителите имаат задача на своите малечки да им објаснат кој е Дедо Мраз. Раскажете ја приказната за Дедо Мраз најдобро што можете и дозволете да се развијат и пробудат детските мечти за него. Убаво е чувството,  кога детската реалност за момент се претвора во Божиќна бајка која ќе им донесе на децата радост и подароци под новогодишната елка.

Еве како да ја раскажете приказната за Дедо Мраз:

–       Најпрво опишете го чичкото со бела брада, голем стомак и црвени образи, како весел човек, секогаш насмеан, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми.

–       Тој чичко се вика Дедо Мраз и ги сака децата најмногу на свет. Секоја година носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ.

 Приказната започнува вака: Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот Пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат. Од 20-иот век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи. Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на Бадниковата ноќ. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка.

Откако ќе му раскажете на детето кој е Дедо Мраз, појдете во некој трговски центар и запознајте го детето со него. Најголема е веројатноста детето да се уплаши од чичкото со бела брада, но немојте да форсирате да му приоѓа или да се фотографира. Стручњаците препорачуваат да му помогнете на своето дете да се почувствува пријатно во близина на Дедо Мраз, а ова ќе го постигнете ако заедно со детето од мала далечина ги набљудувате другите деца, братчето, сестричката или другарчињата како му приоѓаат и се сликаат со него.

Кафе игротека Слонче
Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.