Како се слави Свети Никола во Македонија

Како се слави Свети Никола во МакедонијаДенес во Македонија се слави Свети Никола. Овој празник е празник кој го слави скоро цела Македонија , некои го слават како своја слава, некои како именден. Свети Никола е посна слава, бидејќи е во деновите на божиќните пости. Денеска се подготвува сарма, (без неа нема славење), се вари пченица (пченицата го симболизира воскресението), се пржи риба (најчесто ослиќ или пастрмка), се точи црвено вино (ја симболизира крвта на Исус) и се јаде посно тавче-гравче. 

Домаќинките се креаторки на славското лепче кое секое е уникатно и убаво на свој начин. Од славското лепче (кое го симболизира телото на Исус) на секој му следува по едно парче.  Најголем мерак за домаќините е кога ќе го залеат домашното црвено вино без кое не се започнува со славење. Благиот мирис од колачињата, посната баклава, кадаифот…се традиција која мора да се вкуси.

Целата предновогодишна атмосфера е дополнителна мотивација за убаво украсен дом. Накитената елка, светилките во најразлични бои кои свират, новогодишните украси и свеќи на славската трпеза ја прават куќата весела и подготвена за славење.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.