Бесплатен зимски одмор за 1000 деца од социјално загрозени семејства

Бесплатен зимски одмор за 1000 деца од социјално загрозени семејстваМинистерство за труд и социјална политика и оваа година ќе ги носи на зимување оние деца чии родители се корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и посебен додаток. Децата родени во период од 1999 до 2004 година односно деца – редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2013/2014 година ќе имаат можност во текот на зимскиот распуст 2014 година, во траење од 6 дена да ја користат услугата на бесплатен одмор и рекреација кој опфаќа 5 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно) и едукативни, забавни активности и спортски активности.

Превозот на децата од одреденото место ќе биде организиран од страна на надлежниот Центар до одмаралиштето и обратно.

Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација. Повеќе информации може да прочитате на следниов линк: http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=5282BE20E865B2439A7F2ABE3313B02F 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.