Постои билка која ракот на дојките го убива за 98 проценти

Постои билка која ракот на дојките го убива за 98 процентиСпоред истражувањето објавено во „Life Science”,  артемисининот, дериват од билката „Sweet wormwood” или „Artemisia Annua”, што во буквален превод од англиски значи „сладок пелин”, може да убие 98% од клетките на ракот на градите за помалку од 16 часа.

Експериментот покажал дека оваа билка може да ги намали за 28% лошите клетки од ракот на дојката, а ако се користи во комбинација со железо, ракот може да се намали на минимум. Оваа билка не делува на здравите клетки во телото.

Во минатото оваа билка се користела како моќно антималариско средство, но сега е докажана ѝ против ракот. Кога при спроведување на студијата било додадено и железото, кое што често се таложи во ткивото на градите, особено во клетките заразени со рак, артемисининот селективно ги напаѓал „лошите” клетки, додека „добрите” клетки ги оставал недопрени.

„Резултатите од целовкупното истражување докажуваат дека артемисининовото спречување на „E2F1” транскриптивниот фактор посредува во уништувањето на клеточниот круг на клетките на ракот на градите и претставува критичен транскрипциски пат преку кој артемисининот го контролира растот на репродуктивните клетки на ракот”, било наведено во заклучокот на истражувањата спроведени во лабораториите за рак на Универзитетот во Калифорнија.

Железото се таложи во канцерогените клетки со посебни рецептори кои што помагаат при делењето на клетките. Нормалните клетки веројатно исто така ги имаат овие рецептори, но канцерогените клетки истите ги имаат во поголеми количини и според тоа може да бидат целна комбинација на железото и артемисининот.

Досега биле спроведени бројни експерименти кои докажуваат дека артемисининот може ефикасно да ја отстрани болеста во присуство на железото, а овој екстракт во Кина бил користен илјадници години, како лек против маларијата.

Постои билка која ракот на дојките го убива за 98 процентиПаразитот на маларијата не може да живее во присутност на артемисининот затоа што содржи големи количини на железо. Ова за прв пат го откриле био-инженерите Хенри Лаи и Нарендра Синг од Универзитетот во Вашингтон.

На следниов линк можете да го видите нивното истражување кое докажува дека клетките на ракот се самоуништуваат. Досега овој екстракт било тешко да се набави по поповолни цени, но со зголемениот интерес за оваа билка и цената би можела да стане поприфатлива.

Францускиот производител на лекови “Sanofi” соопштил дека очекува производство од 50 до 60 тони артемисинин секоја година, надевајќи се дека тоа ќе ја задоволи побарувачката на светскиот пазар.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.