Како природниот сок го лечи и прочистува организмот

Како природниот сок го лечи и прочистува организмот Нездравиот начин на исхрана, недоволната физичка активност, стресот и уморот, се најголемите причинители за појава на слабост и болест на организмот. Генерално земено, луѓето најмногу јадат индустриска храна и храна од животинско потекло. Брзото темпо на живеење, работењето до доцна навечер, како и недоволниот сон се уште една дополнителна причина која најчесто не принудува да се пожалиме на главоболка, болка во мускулите или коските, запек или подуеност на стомакот и сл.

Причинител на секоја болест е таложењето на токсини во организмот и единствен начин на лечење е детоксикација на организмот и менување на навиките на исхрана.

Ова не е лесно да се промени, бидејќи за некои создадени навики за да се променат потребно е време, особено во денешно време кога луѓето бараат утеха во храната, каде многумина ја доживуваат како момент за опуштање, особено после некој напорен ден, дружење со пријатели и сл.

Најдобар начин за прочистување на организмот е консумирање на свежи сокови од овошје и зеленчук. Оваа течна храна не го оптоварува дигестивниот систем, туку едноставно ја убрзува детоксикацијата на организмот и помага во обновувањето на виталните клетки во телото.

Дневно треба да се пие најмалку половина литар сок, а најмногу два литра. На почеток може да се појават некои потешкотии, како на пример, слабост, исцрпеност, особено кога отровите наталожени во органите ќе почнат да се чистат преку крвта. Слабоста е знак кој го покажува почетокот на прочистувањето на организмот.

Видливи резултати ќе има после три до четири недели кога ќе дојде до стабилизација на организмот. Соковите од овошје го чистат телото, а од зеленчук го хранат и обновуваат.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.