На која возраст е најдобро жената да роди прво дете?

На која возраст е најдобро жената да роди прво дете?Постојат истражувања и различни студии на оваа тема. Според социологот Џон Мировски од универзитетот Тексас, според биолошкиот часовник, најдобри години за раѓање дете, се доцните тинејџерски години или раните дваесетти години. На оваа возраст, јајце клетката е најсвежа и репродуктивниот систем го достигнува својот врв. Жените во дваесетите години имаат најмалку шанса за развој на хронични здравствени проблеми кои би можеле да бидат ризик за жената или за бебето. На оваа возраст најмал е процентот од можен ризик од спонтан абортус, ектопична бременост, мртвородено бебе и неплодност.

На која возраст е најдобро жената да роди прво дете?Во денешно време, ако тргнеме од социјалните услови во општеството во кое живееме, (постоење на семејства со помал број на деца и жени кои работат со полно работно време), младите жени во своите дваесетти години воопшто не размислуваат за родителство и формирање на семејство. Тргнувајќи од социјалните проблеми кои ги има нашето општество, ако дојде до бременост, тоа најчесто се случува надвор од брак и често се меша со продолжување на образованието. Денешната наша младина на оваа возраст се чувствуваат без одговорност и незрело за да станат родители.

Најдобра година за раѓање на дете е времето во кое жените имаат најголеми шанси за раѓање на здраво дете. Направени се поголем број на истражувања, при кои земени се во предвид различни фактори (економски, социјални, здравствени, демографски-стапка на смртност на новороденчиња), од кои се добиени одговори, кои велат дека најдобро време за раѓање на здраво дете е периодот од 26-32 годишна возраст.

Во текот на истражувањето на Мировски, направена е телефонска анкета спроведена на 1890 мајки на возраст од 45-95 години. Во текот на разговорот со нив, Мировски барал податоци за нивната тековна здравствена состојба, вклучувајќи хронични болести и проблеми со нивната подвижност. После тоа, ги разгледувал податоците за смртноста на жените кои имале слични услови за живот , како и оние со кои тој зборувал и од собраните податоци дошол до заклучок дека најдобрите години за раѓање на прво дете (земајќи ги во предвид условите на живеење) во однос на долгорочното здравје и смртност на мајките е 34 годишна возраст.

-Жената која ќе го роди своето прво дете на 34 години најверојатно ќе биде, (тргнувајќи од здравствените услови), за 14 години помлада од жената која ќе роди на 18 години, изјавил Мировски, а за жените кои размислуваат на образование, работа и кариера и семеен  живот, нуди совети : жените може да имаат оптимално здравје ѝ ако мајчинството го одложат за во нивните триесетти години.

Според заклучокот на истражувањето направено од страна на Анџело Алонзо, социолог на универзитетот во Охајо, оние кои сакаат да имаат повеќе деца, треба првото да го родат пред 34 годишна возраст, а последното најдоцна до 35 годишна возраст.

Во оваа студија било откриено дека жените кои би родиле по 35-тата година, би можеле да имаат  повисок крвен притисок, повисоко ниво на гликоза во крвта , помалку добро општо здравје, потешко ќе се движат за разлика од жените кои би родиле пред 35 -годишна возраст.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.