Како да се справите со настинката т.е. грипот

Како да се справите со настинката т.е. грипот Во тек е сезоната на ширење на респираторни инфекции, т.е. на настинките и грипот. Најголема причина за овие болести се вирусите. Повеќе од 200 различни видови на вируси може да предизвикаат настинка, особено во зимскиот период, кога имунитетот на човекот е намален.

Обичната настинка лесно се шири на горниот респираторен систем. Најчести симптоми се: кашлица, кивање, главоболка, болно грло, растечен или затнат нос, треска, замор и чувство на слабост и др. Настинката не се лекува со антибиотици, единствено што може да помогне да се чувствувате подобро е користење на симптомска терапија, т.е. лекови како што се: капки за нос, прополис (капки, спреј за грло или пастиљи), лекови против кашлање, лекови за намалување на температурата и др. Симптомите обично се губат за седум до десет дена. Се препорачува јадење на топла супа, испирање на грлото со морска сол, мед, млеко со шеќер (познат е овој напиток како „карамела“ која ја смирува слузокожата на болното грло), лимони, испирање на грлото со чај од жалфија, инхалација за растечен или затнат нос, рен (во чаша топла вода ставите една лажичка изрендан свеж корен од рен и една лажичка мед. Добро промешајте и пијте полека во мали голтки. Овој напиток помага против кашлица) и сл.

Грипот е заразна болест кој се појавува поради вирусот инфлуенца, кој се концентрира на респираторниот тракт и се карактеризира со следниве симптоми: треска, настинка, воспалено грло, болки во мускулите, силни главоболки, кашлање, изнемоштеност, кај децата може да предизвика ѝ гадење и повраќање. Се пренесува преку кивање и кашлање, т.е. преку заразени капки и преку површини кои се заразени со слуз од дишните патишта на заболена личност. Заразените капки може да преминат далечина од најмногу едно метро, па затоа за да „фатите“ грип потребен е близок контакт со заболената личност. Вирусот може да живее неколку часа на предмети како што се: чаша, телефон, пенкало, книга, тастатура и др. Затоа се препорачува почесто проветрување на затворени простории во кои престојуваат повеќе луѓе и редовно миење на рацете (сапунот го уништува вирусот).

Како да се лекувате дома и кога е неопходно да посетите лекар?

Потребно е мирување, конзумирање на многу течности, внесување на повеќе свежо овошје, т.е. поголеми количини на витамин Ц, како и вклучување на бел лук во секојдневните оброци (според една британска студија, пациентите кои јаделе бел лук биле за 70% поотпорни на грип и времетраењето на истиот бил за 80% пократок). Грипот е предизвикан од вирус и затоа земањето на антибиотици нема да влијае на текот на болеста.

За постари луѓе кои се лекуваат од хронични болести и луѓе кои имаат послаб имунитет грипот може да биде тешка и опасна болест. Ако состојбата по неколку дена не се подобри, т.е. имате сѐуште воспалено грло, болки во ушите, чувствителни сте на светлина, висока телесна температура над 38 целзусови степени, симптомите на настинка се влошат по три дена, може да биде знак дека ќе добиете бактериска инфекција или пак, ако чувствувате притисок во синусите и имате зелено – жолт густ секрет, може да биде знак на синусна инфекција. Во сите овие случаи преглед и совет од доктор е задолжителен.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.