7 чекори кој ветуваат слабеење без последици по здравјето

7 чекори кој ветуваат слабеење без последици по здравјето„Од понеделник сум на диета“. Ова е една од најчестите реченици кои си ја кажуваат оние кои мака мачат да ослабнат, т.е. да стопат некое килце. Дали навистина ќе направите промени во вашата исхрана, најмногу зависи од вашиот карактер. Многумина почнуваат да се хранат според некоја пишана диета и доколку само малку ја погрешат, се враќаат повторно на почеток, т.е. ја прекинуваат диетата и продолжуваат со консумирање на обилни (најчесто јадат доцна навечер) и нередовни оброци. Времето поминува, а Вие сеуште мака мачите вртејќи се во еден магичен круг од кој нема излез.

Се што треба да знаете се овие седум промени во начинот на живеење, кои ви ветуваат топење на килограмите засекогаш. Доколку ги следите советите и започнете да ги применувате во секојдневната исхрана, резултатите се неизбежни.

1.       Направете распоред на оброците

Доколку направите распоред на оброците, ќе имате целосна контрола на храната која ја внесувате во текот на денот. Можеби ќе ви бидат потребни неколку недели за да стекнете навика да јадете во одредено време, но верувајте ова е еден од најдобрите начини преку кој ќе вршите контрола врз себе. Оброците поделете ги во три главни оброци и две ужинки.

2.       Пијте вода

Водата ги чисти сите нечисти ќелии од еден организам. Еве да дадеме еден логичен пример: со вода ги миеме нечистите садови, со вода ги переме нечистите алишта и предмети во домот. Со вода се тушираме, го чистиме телото од надвор. Со редовно пиење вода во поголеми количини телото се чисти од токсини од внатре. Затоа пијте вода по 8 чаши дневно. Густите сокови и газирани пијалоци заменете ги со вода, само во текот на денот може да си дозволите една чаша од вашиот омилен пијалок.

3.       Вклучете физичка активност

Ова не значи дека мора да одите во теретана или некоја вежбална, туку едноставно да вклучите некоја физичка активност со која денот ќе ви го направи да се чувствувате убаво и исполнето. Многу луѓе имаат отпор кон применување на некои вежби и едноставно не сакаат да вежбаат. Затоа, најдобро е да го правите она што ве прави задоволни. На пример, неколку пати во неделата можете да пешачите, дури и да организирате планинарење со вашите пријатели ако ова ве прави среќни. Возете велосипед со партнерот, направете мапа каде ќе возите. Менувајте ја мапата еднаш неделно. Ако обожавате цвеќиња, уредете ја градината со цвеќиња. И тука можете да направите план како ќе го уредувате дворот.

4.       Намалете ја количината на храна во еден оброк

Ова најмногу се однесува на вечерните оброци. Јадете од мали чинии, без да додавате повторно храна. Една мала чинија полна со храна треба да биде вашиот оброк. Ако некогаш јадете брза храна, купете мал сендвич, мала пица или тост.

5.       Избегнувајте пржена храна

Најдобро е храната да ја варите, да ја печете во рерна или на скара. Пржената храна дебелее и влегува во групата на нездрава храна.

6.       Избегнувајте ги „мамците“ и предизвикувачите во исхраната

Најчесто луѓето грешат, т.е. посегнуваат по некои грицки кога им е досадно или се емотивно нестабилни. Некои луѓе кога се нервираат сакаат да грицкаат нешто, некои луѓе кога се тажни посегнуваат по храна, додека пак некои обожаваат да јадат кога работат пред компјутер. Земете тетратка и запишувајте што јадете кога ќе посегнете по некој „мамец“ и како се чувствувате кога јадете.

7.       Секогаш појадувајте

Појадувањето е одличен начин да го започнете денот. Ако го прескокнете појадокот, не значи дека ќе се спасите од многу калории, бидејќи за кратко време ќе се занесете во грицкање на нездрава храна. Наутро, најдобро е да внесете протеини, тие ќе ве држат сити подолго време, т.е. помалку ќе јадете за време на ручекот.

Споделете некои ваши искуства и совети поврзани со јадењето, така ќе се мотивирате повеќе да промените нешто во вашата исхрана.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.