Гибаница од макарони

Гибаница од макарони(Ова јадење се подготвува многу брзо и е „олеснителна околност“ за вработени жени)

Потребни состојки:

500 гр. Макарони

250 гр. Фета сирење

3 јајца

500мл. Млеко

сол

Начин на подготвување:

Сварете ги макароните во вода во која сте додале малку сол. Исцедете ги и промешајте ги со фета сирењето. Ставете ги во тавче и печете на 200 ⁰ степени, околу 10 тина минути. Извадете го тавчето од рерна, прелијте ги макароните со преливот. Преливот го подготвувате вака: 3 јајца се матат, се додава 500 мл. млеко. Се посолува по вкус. Се пече на 200 ⁰ степени се додека не порумени.

Добар апетит!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.