ПИСМО ОД МАМИЧКА: Дебела, а згодна

ПИСМО ОД МАМИЧКА: Дебела, а згоднаЗдраво за тимот од Моебебе (супер сте, ве обожавам и редовно ве читам) и здраво за сите мајки кои не ослабнале после породување. Јас имам синче кое има 4 години. Во текот на бременоста се поправив околу 20 килограми. По породувањето ми останаа вишок околу 10 килограми кои до ден денес се мачам да ги симнам. Имам убав живот, живеам во среќно семејство кое ми значи најмногу од сè. Пред некој ден бев на кафе со една пријателка…и… знаете како изгледа разговор меѓу две жени кога зборуваат за диети и слабеење… и што заклучив:

Јас се чувствувам убаво во моето тело, го сакам моето тело, се сакам себе си. За да промените нешто во животот, треба да верувате најпрво во себе, а потоа во околината која ве опкружува. Се погледнав во огледало и си реков: „ Можеби сум малку крупничка, ама моиве очи ме гледаат згодна“.

Затоа, жени, верувајте си во себе и сакајте го своето тело. Давајте си секогаш кураж дека можете и навистина ќе можете да ослабнете, да одите на фризер, да вежбате аеробик и сл. Време има за сè, само треба добро да го организираме и треба да сакаме да го трошиме за себе (барем некој час). Самодовербата е најдобрата особина која ја посакувам да ја има секоја жена. Така сите ќе бидеме згодни, убави и поодлучни за многу работи кои се секојдневие во нашиот живот.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.