Бременост: 27 недела

Фетусот е тежок 1.000 грама, а долг околу 24 cm (мерено од тилот до задникот).

Бременост: 27 неделаКонечно започнува третото тримесечје! Бебето сега има добри шанси да преживее ако се роди предвреме. Очите на бебето се отворени. Кожата се уште по малку е збрчкана, но секој ден се повеќе и повеќе се исполнува. Сега можете да го слушнете многу подобро отколку од пред неколку недели. При раѓањето, вашето бебе веројатно ќе го препознае вашиот глас и гласот на вашиот партнер. Затоа сега е идеално време да започнете да му говорите и да му пуштате музика, тоа ќе слуша и ќе си ужива.

Вие, сигурно веќе сте забележале дека поради зголемената тежина, чувството на рамнотежа ви е малку нарушена. Затоа, важно е да се движите внимателно за да избегнете паѓање. Вашето тело започнува да се подготвува за породување, т.е. лигаментите почнуваат да се опуштаат и затоа ќе се чувствувате малку нестабилно. Оваа состојба може да предизвика повремени остри болки во делот на карлицата.

Што треба да направите?

Најдете некој да ви помогне, особено кога треба да се пазари за по дома или за да се исчисти куќата. Како ќе поминуваат деновите Вие ќе станувате поголеми и потешки, затоа секоја помош ви е добре дојдена. И после кога ќе се роди бебето, секоја дополнителна помош околу готвењето, простирање алишта, пеглањето и чистењето ќе ви ги олеснува обврските и активностите кои ќе ги имате околу бебето.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.