Бременост: 29 недела

Бременост: 29 неделаБебето е тешко 1250 грама, а долго 26 см. (мерено од темето до задникот).

Бебето е доста активно. Ноктите на рацете и нозете растат, има сè повеќе коса на главата и влакненца по телото (во вид на мов). Очите му се отворени и може да трепка. Телото на бебето сега произведува крвни зрнца од сопствената коскена срж, наместо од слезината. Станува се попаметно, бидејќи во овој период неговиот мозок многу брзо расте и се развива.  Истражувањата покажуваат дека во оваа недела треба да внесувате повеќе протеини кои се многу важни за нормален развој на мозокот.  Затоа јадете повеќе млечни производи, месо, риба и грав.

Вие најверојатно сега сте тешки за 10-12 килограми повеќе. Сигурно имате чувство дека вашиот стомак не може повеќе да се шири. Она што се случува во вашиот стомак е следново: органите полека се туркаат под ребрата, градниот кош се проширува за неколку сантиметри и белите дробови добиваат повеќе простор.  Белите дробови стануваат поефикасни при вдишување и издишување. Кога, во текот на последните неколку недели бебето ќе се спушти надолу, можете да добиете повеќе простор за дишење.

Што треба да направите?                                                   

Запознајте се со некои „ново печени “родители. Од нив можете да добиете многу корисни совети и охрабрување за периодот кој вам ви предстои.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.