Од септември учениците во Општина Аеродром ќе носат униформи

Од септември учениците во Општина Аеродром ќе носат униформиДенеска, 6.2.2014 година, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски го промовираа проектот воведување задолжителна училишна облека во основните училишта во Општина Аеродром.
„Почнувајќи од септември учениците од сите основни училишта во Општина Аеродром ќе почнат да носат училишна облека“, изјави градоначалникот Коневски.

Тој додаде дека целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во иста облека и да се навикнат на соодветен кодекс на облекување. На тој начин, основните училишта ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи.
Од септември учениците во Општина Аеродром ќе носат униформиМинистерот Ристовски го поздрави проектот како позитивен пример за тоа како учениците ќе можат полесно да се фокусираат на воспитно-образовниот процес, наместо на изгледот и начинот на облекување и апелираше овој тренд да го прифатат и другите општини во Република Македонија.
Училишната облека ќе се состои од сиви панталони, бели блузи и тегет елеци со амблем, на кој ќе биде извезено логото на Општина Аеродром и името на училиштето.
Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони. Трошоците за 5.700 училишни комплети ќе ги покрие Општина Аеродром.
Со воведувањето на училишната облека се очекува да се постигне и чувство на еднаквост меѓу децата, да нема поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а од друга страна, пак, на родителите да им се намалат трошоците за купување гардероба, која некои родители не можат да си ја дозволат.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.