Kаша од суви сливи (за 6-8 месеци)

Kаша од суви сливи (за 6-8 месеци)Потребни состојки:

неколку суви сливи, вода, пола кафена лажичка сок од лимон.

Начин на подготовка: Сувите сливи се мијат со топла вода и се оставаат во вода да одстојат околу 30-тина минути. Се цедат и повторно се мијат. Се вадат семките и се ставаат да се варат во вода. Штом ќе омекнат, се пасираат (блендираат) и се додава малку лимонов сок.

 

За подобрување на вкусот можете да додадете една кафена лажичка мелени бисквити или варен ориз (ова може да го јадат поголеми бебиња, оние кои имаат над 8 месеци). Сувите сливи се препорачуваат кога доенчето има опстипација (затвор). Може да направите само компот од суви сливи. Многу често доволна е само течноста за бебето побрзо да се олесни.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.