Kаша од свежа круша со снегулки (над 8 месеци)

Овошна каша од свежа круша (над 8 месеци)Потребни состојки:

Една круша, 2-3 супени лажици оризови снегулки или бисквити

 Начин на подготвување: Крушата свежа се пасира или блендира, се додаваат снегулките и се меша убаво за да нема грутки. Снегулките може да се заменат со мелени бисквити. По желба може да засладите со мед (може да додадете само ако подготвувате оброк за деца поголеми од една година).

Крушата е сочно овошје со сладок вкус. Содржи витамини Ц и К, бакар, како и растителни влакна кои поволно делуваат на дигестивниот систем, конкретно на цревата. Поради нејзиниот хипоалерген состав, варената круша е една од првите кашички кои може бебето со веќе навршени 6 месеци да ја консумира. А, со полни 8 месеци да ја јаде свежа, ситно исецкана или изрендана.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.