Предлог-идеја: Иновативна детска роденденска забава

СлавеникСе ближи роденденот на Вашето дете. Вие веќе размислувате за некои важни детали кои треба да го красат роденденот, но за едно сте сигурни веќе (ова му доаѓа како „се подразбира“) дека ќе славите во некоја игротека и дека забавата ќе биде приближно слична како и претходната година. Семејствата кои имаат голем станбен простор или имаат прекрасен двор (ова се однесува за славење во лето), може да им се допадне предлог-идејата која ќе Ви ја презентираме.

Доколку сакате роденденската забава на Вашето дете да биде COOL, треба да превземете нешто…еве една идеја како да се забавува детето со своите другарчиња додека го слави својот роденден. За забавата да биде интересна може да го направите следниов план:

(Најпрво, дозволете да проработи креативноста во Вас. Ништо не е забрането, ништо не е ограничено, само треба малку волја за да направите нешто поразлично и позабавно за целото семејство и друштво кое ќе присуствува на роденденот на Вашето дете):

1. Додека цртаат вашите деца, може да поканите еден кловн (принцеза, пират) (омилен лик на славеникот) и да му дозволите да ја води целата забава.

Предлог идеја

2. Забавата може да продолжи со убава закуска и музика.

Предлог идеја

3. Убава комбинација е и вклучување на караоке шоу (ова би било интересно за поголеми дечиња).

4. Забавата околу тортата треба да биде најинтересна, освен пеење на Happy birthday to you, може да вклучите нешто интересно…оставаме на Вас родители да смислите некој момент кој ќе го памети Вашето дете за цел живот (исполнете му некоја желба, тоа ќе биде најубавиот подарок за него) или …..имате уште време за размислување 🙂 🙂 🙂

5.  Убав момент е да украсите едно дрво со мноооогу балони врзани сите на едно место и истите да ги пуштите на крајот од забавата за да ја зачините атмосферата, верувајте, децата ќе бидат најрадосни.

Предлог идејаНабргу ќе споделиме со Вас идеи за декорирање на роденденската трпеза и рецепти за вкусни роденденски јадења.

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.