Тритекс со сопствен бутик во ТЦ Рамстор

Тритекс со сопствен бутик во ТЦ РамсторМакедонската текстилна компанија, специјализирана за производство на долна облека- ТРИТЕКС ОД ПРИЛЕП, денес (5 март, среда) отвора свој бутик во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје. Во брендираната продавница ќе се продава памучна машка, женска, детска и бебешка долна облека произведена во фабриката во Прилеп. Оваа компанија постои од 1994 година, и веќе 20 години поголемиот дел од своето производство успешно го извезува на пазарите во Европската Унија, а само дел од производите ги пласира и на домашниот пазар. Тенденција на менаџментот на компанијата е промена на тој сооднос во иднина. Како резултат на долгогодишното искуство во текстилната индустрија и усовршување на квалитетот според највисоките стандарди, сметаат дека конечно е дојден погодниот момент за нивно посериозно претставување на домашниот пазар. Оттука и идејата за сопствен брендиран бутик во центарот на Скопје.

– „По 20 годишно успешно и квалитетно работење на странските пазари, реално е да го насочиме нашето внимание и кон домашните купувачи. Колку ќе ни значи успехот надвор ако дома не не вреднуваат?

Отворивме наша брендирана продавница во Прилеп и сега ја отвораме првата наша продавница за граѓаните на Скопје. На овој начин, ќе ги презентираме нашите производи и нивниот квалитет и уште повеќе ќе се доближиме до македонскиот купувач. Веруваме во она што им го нудиме на македонските семејства, и затоа нашиот план за проширување нема да застане тука “ – вели Дејан Наумоски, претставник на менаџментот на компанијата.

Производите  на  Тритекс  преку  големопродажба  се  пласираат  низ  цела Македонија, и истите и понатаму ќе бидат достапни во неколкуте трговски ланци за конфекција и бутици, кадешто можеа да се најдат и досега. Сепак домашните компании мислат и за своите сограѓани. Долна облека, исклучиво памучна каква што и треба да биде, максимално удобна, со внимателно одбран дизајн и докажан квалитет ќе биде достапна и за куповната способност на просечниот македонец.  

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.