ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ПРОЧИТА СЕКОЈ РОДИТЕЛ: НЕ вакцинирањето во Република Македонија станува сè помасовно

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ПРОЧИТА СЕКОЈ РОДИТЕЛ: НЕ вакцинирањето во Република Македонија станува сè помасовноКомитетот за имунизација најавува своја кампања со која ќе ги убедуваат родителите за важноста на вакцинацијата, како превентивна мерка со која ќе ги заштити нашите деца од болести.

Во последно време, поинтензивно овие неколку месеци, на неколку медиуми, посебно на социјалната мрежа (Facebook) кружат разни кампањи кои се против вакцинирање на децата, кампањи кои само ги бунат родителите, но воедно и ги убедуваат дека вакцинирањето може да го загрози долгорочно здравјето на нашите деца, со објавување на разни видеа , фотографии и изјави од „странски“ доктори кои ги убедуваат родителите дека вакцината е причина за појава на тешки неизлечливи болести, како што е аутизмот, појава на имунолошки и алергиски заболувања, како и појава на болести кои можат дури да бидат фатални по животот на нашите деца.

Дали е ова доволна причина родителите да почнат да се плашат и да почнат да одбиваат да ги вакцинираат своите деца?

Тимот на Моебебе заедно со ЗГ „Шеста Ѕвезда“ спроведе една анкета од која резултатите покажуваат дека родителите се недоволно информирани за важноста на вакцинацијата, особено не се запознаени зошто треба децата да ја примат МРП вакцината. Постои страв и одбивање на вакцините поради разните шпекулации кои кружат во нашата земја. Една група на родители купуваат вакцини (прочистени) од Грција и Србија кои се различни од овие кај нас, други родители ги носат своите деца во други земји, па таму ги вакцинираат, додека пак, некои воопшто не ги вакцинираат своите деца. И СИТЕ ОВИЕ РОДИТЕЛИ НЕ СЕ СИГУРНИ ЗОШТО ГО ПРАВАТ ОВА.

Дали Нашите доктори се свесни за ризикот кој го превземаат врз себе кога дозволуваат пациент да им каже и да им ја донесе вакцината од странство за да го боцнат нивното дете?

Родителите бараат организирање на трибини на кои ќе бидат повикани и ќе добијат објаснување за целава состојба која е вознемирувачко сериозна, исто така да добијат информации за нашите вакцини, дали МРП вакцината има несакани последици, зошто е важно детето да прими вакцина и сл.

Автор: moebebe.com.mk

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.