Ќе се гради хотел за родители чии деца се на подолг престој во Детската клиника во Скопје

Ќе се гради хотел за родители чии деца се на подолг престој во Детската клиника во СкопјеРодителите чии деца се на подолг престој во Детската клиника, а не се од Скопје, наскоро ќе имаат можност да престојуваат во хотел за родители во близина на своите деца додека се на лекување, најавуваат од Министерството за здравство, пишува Дневник.

Хотелот ќе се гради во рамките на Kлиничкиот центар, поточно ќе биде дел од катната гаража чија изградба ќе почне деновиве.

Од кабинетот на министерот Никола Тодоров за Дневник појасниле дека во согласност со планот за изградба на Kлиничкиот центар „Мајка Тереза“, се предвидува да се изградат две катни гаражи, а во еден од објектите предвидена е можноста 30 отсто од вкупната површина на објектот да биде искористена за изградба на хотел за родители.

Директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, вели дека проектот за хотел за родители е многу важна работа и за родителите, но пред сe за болните деца.

– Љубовта и нежноста на родителите кога детето е болно и лежи во болница, ја победува половина болест. Kога родителите се близу до децата, сe е полесно, најмногу за децата. Многу е важно отворањето на хотелот, бидејќи секој родител ќе биде во близина на своето дете, а навечер кога му е потребен момент да си ја поврати силата за да може утредента да му се посвети на детето, ќе има каде да се одмори – вели Софијанова за Дневник.

Втората гаража ќе се гради на сегашната локација на Институтот за туберкулоза, откако ќе биде преселен во новиот Kлинички центар. Двете катни гаражи, ќе имаат по седум ката, ќе има и деловен простор со површина од по 4.000 квадратни метри. Во втората катна гаража ќе се гради и хелиодром.

Извор: Дневник

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.