Реакција од родители по изјавата на д-р. Костовска

Реакција од родители по изјавата на д-р. КостовскаСепак родителите реагираа на изјавата на д-р. Костовска, според која вакцинацијата во Република Македонија е безбедна и ефикасна. Во редакцијата на Мое Бебе пристигна протестно писмо од родители кои се со став дека вакцинацијата во Р.Македонија треба да биде незадолжителна. Во продолжение следува интегралниот текст од реакцијата на родителите.

Реакција од родители по изјавата на д-р. Костовска

 

 

„ Почитувана госпоѓо Костовска,

Можеби вака со слика (приложена горе) ќе си го надоградите вашето знаење од темата вакцини во делот за несакани последици кое мора да признаете има катастрофални мани и пропусти кои воопшто не доликуваат на еден медицинар,поточно фрапираат.
Сликата е извадок од официјалната страна на произведувачот на вакцината,ги има сите податоци па веруваме дека за доброто на сите граѓани во државава ќе се информирате точно пред да се избламирате вие а и да допринесете со тоа за општото мнение на целата македонска јавност за недоволната понатамошна едуцираност на докторите после завршеното формално образование на сите национални медиуми. А и веруваме ќе се сложите во ФАКТОТ дека медицината не е ниту оддалеку ДОГМАТСКА наука туку дијаметрално спротивно – еволутивна со нови сознанија и научни докази без претерување со секој поминат ден. Следствено,доколку не можете од било кои причини да работите на вашата доедукација,ве замолуваме тогаш во иднина да ги изоставите СИТЕ ваши појавувања во македонската јавност од гореспоменатите причини.

За навредата на македонските родители кои за жал на своја кожа ги почувствувале несаканите реакции од вакцините,многу од нив и со кобен крај е тотално надвор од дискусија и на целата македонска  јавност и должите јавно извинување и опширен елаборат како тоа ги прибравте тие статистички податоци кога до 2010 год пред донесувањето на правилникот за вакцинација во здравствените картони НЕМАШЕ ниту графа за пријавување на било какви нуспојави од вакцините.

Делот со свеста на европските граѓани и вакцинацијата ви е многу конфузен и небулозен па македонската јавност ве повикува да си го доелаборирате поточно,ако воопшто знаете што сте сакале да кажете со тоа.“

„ Костовска укажа на примерот на Италија, која пред 10 години од задолжителна премина кон препорачана имунизација и со тоа го намали опфатот на населението, а за да имаме мирна епидемиолошка состојба и да не ни се вратат некои болести кои се веќе искорените, вели опфатот со имунизацијата треба да биде над 95 проценти “.
Повторно уште еден фрапантен лапсус ! И што се случи со Италија некако магично пропуштивте да кажете, баш многу ја интересира македонската јавност, но бидејки не ја споменавте подолу во текстот за „статистиките” со кои се расплинавте, а се со оправдано сомнително  потекло исто како и вашето познавање од темата вакцини во делот за несаканите нус појави, следува заклучокот – ама баш ништо, никој не слушнал, а ниту видел епидемија од било која заразна болест откако Италија здраво-разумски го укина законот за задолжителното вакцинирање кај сопствените граѓани! Можете да ги  земете за пример и Соединетите Американски Држави, таму БСГ вакцината никогаш не била воведена па тие никогаш немале епидемија од туберкулоза, но затоа имаат и тоа како епидемија од аутизам кој се зголемува пропорционално низ годините со секоја нова воведена вакцина. Вашите заплашувања на јавноста од појава на детските заразни болести е крајно фрапантна, неетичка, непрофесионална и тежок преседан. Додека  македонската јавност т.е. наставниците и професорите по македонски јазик сеуште го доловуваат основниот граматички, синтаксички, контекстуален смисол на вашата горе цитирана реченица – кој знае можеби еден ден и ќе им успее.

– Да напоменеме дека парализата се уште ја има во епидемиска форма. Само во месец јануари и февруари имаше 24 нови случаи на парализа во Сирија, Авганистан и Пакистан.
Ова ваше тврдење за овие три земји кои се воени и кризни зони само ги потврдува сознанијата, фактите и официјалните статистики низ светот дека заразните болести не се редуцираа како последица на воведувањето на вакцините, туку и единствено како последица на подобрите и поквалитетни услови за живот. Во горе споменатата „статистика“  ви недостига и Индија која после масовната полио вакцинација во 2011 година доби и епидемија од полио со близу 47.000 деца заболени од вакцина индуциран полио вирус.

Костовска рече дека се внимава при набавка на вакцините тие да се квалитетни и од произведувач, кој е на листата на СЗО, проверени од нивните здравствени агенции, како и од нашите здравствени власти, а состојките се во таква форма што не претставуваат опасност за децата.
Сигурни сме дека ќе го најдете ревизорскиот извештај од 2009 година за неправилните услови при транспорт на вакцините во Македонија, а како медицинар многу добро би требало да знаете што значи тоа, понатаму скандалот од 2000 година со набавката на вакцини со сомнително потекло и слични други малверзации.
 А, оваа оваа ваша реченица,  цитирам: „а состојките се во таква форма што не претставуваат опасност за децата“,  е вашиот најголем преседан, толку голем што е излишен за било каков коментар.

И на крајот на краиштата, секој родител има една и најсвета должност во неговиот живот, а тоа е да се грижи беспрекорно за своите деца, законот за задолжителна вакцинација е неправеден, неетички и неразумен. За правото на избор е дури и апсурдно да се дискутира посебно за вакви круцијални прашања, и е само еден законски  остаток од еден тоталитарен систем, а тенденцијата на нашата држава на усогласувањето на нашата регулатива со европската треба да продолжи, а овај закон да е од врвен приоритет.
Физичкиот интегритет на поединецот е неприкосновен и е негово основно УСТАВНО загарантирано право. А, одговорноста на поединецот спрема своите сограѓани завршува ОНАМУ каде што започнува неговиот епидермис! Без да навлегуваме во делот на фаличноста на митот за колективниот имунитет постигнат со вакцинација!

Напишано од:

Родителите за незадолжителна вакцинација во Р.Македонија

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.