Големиот француски производител на училишна опрема БИЦ ги израдува децата – штитеници на Институциите за заштита на децата во Република Македонија

Големиот француски производител на училишна опрема БИЦ ги израдува децата – штитеници на Институциите за заштита на децата во Република МакедонијаФранцуската компанија БИЦ (BIC: www.bicworld.com), која во сопствената голема производна и услужна палета нуди високо квалитетен училиштен прибор за најмладите (дрвени боици, фломастери, моливи и гуми, пенкала во најразлична боја…), донираше пакети производи на дечиња во неколку образовни Институции. Акцијата за дарување е организирана во Институции за заштита на децата: Посебните основни училишта „Др.Златен Сремец“ и „Иднина“, Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“  и Центарот за рехабилитација- Скопје, како и во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, ПОУ „Климент Охридски“- Ново Село, ЗЗР „Бања Банско“ – Струмица и ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес.

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за поддршка и помош на оваа група на деца и младинци и да се потенцира нивната еднаквост во општеството. Со тоа, компанијата сака да покаже дека без разлика на статусот на децата, тие имаат еднаква инспирација, желба и мотив – како да се изразат преку цртање, боење и пишување.

-„Се надеваме дека со употреба на нашите производи децата ќе бидат во уште поголема можност за изразување на својата креативност преку изработка на цртежи и пишување. Истовремено, веруваме дека оваа соработка нема да заврши сега, туку и понатаму во координација со овие и други центри за образование, образовни институции и училишта ќе организираме и други настани за дополнителна едукација на нашите најмили“, изјавија од компанијата БИЦ (BIC).

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.