Задолжителни прегледи во бременоста

МоебебеНајчесто жените одат на лекар кога ќе направат домашен тест за бременост и кога ќе почнат да ги чувствуваат првите симптоми на бременоста. Во текот на бременоста потребно е да направите 10 прегледи: 3 во првото тромесечие 3 прегледи, во второто тромесечие 3 прегледи и во третото тромесечие 4 прегледи.

 

ПРВО ТРОМЕСЕЧИЕ:

–          Се потврдува бременоста

–          Се евидентира возраста на жената и се утврдува терминот за породување

–          Се отвора картон

–          Се мери крвниот притисок и телесната маса

–          Се врши преглед на тироидната жлезда (по проценка на лекарот)

–          Се прави преглед во случај на проширени вени и појава на отоци (појава на мали отоци е нормално во бременоста)

–          По потреба се прави: колпоскопски преглед, ПАП тест, цервикален брис, лабораториски преглед: број на еритроцити, хемоглобин, шеќер во крв и во урина, крвна група и RH фактор

–          Анализа на крвта која проверува маркери за Down синдром меѓу 12 и 13 гестациска недела или (по проценка на лекарот, се прави околу 20 гестациска недела)

–         Кај трудници со ризик се препорачуваат дополнителни прегледи

–         Совети за: исхрана, физичка активност, хигиена и здрав начин на живеење

–        Редовен ултразвучен преглед, скрининг (популарно 4Д)  – овој предглед се прави помеѓу 12 и 13 гестациска недела

моебебе

ВТОРО ТРОМЕСЕЧИЕ:

–          Лекарот го прати напредувањето на бременоста и можната појава на ризик фактори

–          Се следи општата здравствена состојба на трудницата

–          Се мери крвен притисок и телесна маса

–          Се прави преглед во случај на проширени вени и појава на отоци

–          Се врши гинеколошки преглед во 16гестациска недела, се прави контрола на грлото на матката, се зема брис на хламидија, гонореа и генитален херпес

–          Лабораториски преглед: крв и уринокултура (се прегледува дали има шеќер и белковини во мокрачата), се прави околу 20 гестациска недела

–          Ултразвучен преглед (се прави анализа на развојот на плодот и можност родителите да го дознаат полот на детето) се прави помеѓу 20 и 24 гестациска недела

–          Се даваат препораки за вклучување на програми за психофизички подготовки за породување

ТРЕТО ТРОМЕСЕЧИЕ:

–          Лекарот го прати напредувањето на бременоста

–          Мери крвен притисок и телесна маса

–          Врши преглед во случај на појава на отоци и проширени вени

–          Врши ултразвучни прегледи

–          Ги слуша срцевите тонови на плодот

–          Лабораториски преглед: број на еритроцити, хемоглобин, шеќер и уринокултура, анализа на крвта за мерење на нивотона глукоза во крвта (од 28 до 36 гестациска недела)

–          CTG (кардиотокографија) се мерат отчукувања на срцето на бебето (од 36 гестациска недела)

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.