Гестациски дијабетес

Гестациски дијабетесВо текот на бременоста кај одреден процент од жените се развива една форма на дијабетес  која постои само додека жената е бремена, иако никогаш порано трудницата немала проблеми со шеќерот во крвта.

Постојат неколку фактори кои укажуваат на веројатноста дека трудницата ќе  добие гестациски дијабетес:

–  Жена постара од 35 години

–  Семејна историја (мајка, сестра итн. да имала дијабетес)

–  Дебелина

–  Доколку во претходната бременост сте имале гестациски дијабетес , ризикот од повторна појава во наредната бременост е најмалку 30 проценти –  Раѓање на многу големо бебе

Жените кои имаат гестациски дијабетес  во текот на бременоста се со поголема веројатност да развијат дијабетес во текот на животот. Околу 50 проценти од жените со гестациски дијабетес стануваат дијабетичари во следните 20 години. Доенчињата на жени со гестациски дијабетес, исто така, може да станат дебели и дијабетичари. Гестациски дијабетес  може да се третира со промена на исхраната.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.