Дали може да се спречи гестацискиот дијабетес уште пред да се појави?

Дали може да се спречи гестацискиот дијабетес?Гестациски дијабетес во бременост може да се појави помеѓу 24 и 28 недела од бременоста. Се појавува поради хормонот инсулин. Овој хормон се создава во панкреасот и е одговорен за нормално искористување на шеќерот од крвта (глукоза) и за негово трошење како извор на енергија во организмот. Додека се формира плацентата, во телото на жената се произведуваат хормони кои му помагаат на бебето да ги спроведува сите витални функции преку плацентата. Нивото на овие хормони посебно се зголемува при крајот на второто тромесечие од бременоста, кога бебето расте побрзо во однос на првото тромесечие, и може да предизвика потешкотии во движењето на глукозата во крвта.  

Зголемените потреби за инсулин бараат од панкреасот да лачи инсулин во поголеми количини, но доколку не може да се воспостави рамнотежа, настанува проблем. Значи, инсулинот ако не се произведува во доволни количини или ако шеќерот во крвта останува неискористен, се задржува во крвта, се појавува гестациски дијабетес.

Трудницата мора да прави редовни гинеколошки прегледи и редовни лабораториски анализи за да може матичниот гинеколог да реагира на време доколку се појават некои одредени ризик фактори за развивање на гестациски дијабетес.

Гестацискиот дијабетес може да се регулира преку диета, вежби и употреба на инсулин. Но, дали  и колку може да се спречи појавата на гестацискиот дијабетес?

Во 2010 година правена е една студија која открива дека оние жени кои вежбале, т.е. биле физички активни пред да останат бремени,  се изложени на помал ризик од појава на гестациски дијабетес за една четвртина.

Интересен податок за појава на дијабетес е четкањето на забите. Пред неколку години , на Универзитетот Њујорк еден истражувачки тим од стоматолози, открил докази дека бремените жени со парадентоза (болест на непцата ) се со поголема веројатност да развијат гестациски дијабетес од бремените жени со здрави непца.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.