3 најважни работи кои треба да ги знае детето за парите

Детето и паритеНикогаш не е премногу рано да започнете да ги учите Вашите деца за значењето и користењето на парите. Всушност , Вие сте тие кои треба да ги научите да ги ценат парите и да ги користат паметно. Сигурно од многу мали разбираат дека за да добиеш некој продукт од продавница треба да дадеш пари, но нивната вредност не можат да ја разбираат се додека не се вклучите Вие, т.е. не ги научите на неколку основни правила кои и тоа како ќе ги запаметат децата.

1. Парите не се без пари, тие се заработуваат

Децата знаат дека мама и тато одат на работа, но не сфаќаат дека трудот се плаќа со пари. За да го разберат ова, ние ви предлагаме да го направите следново:

Дајте му некое задолжение на детето. На пример, помалите деца можат да ги сортираат алиштата, да си ја дигнат чинијата после оброкот и сл, а поголемите деца, да си ја средат собата, да ги средат алиштата и книгите,  да помогнат во градината и сл. Работата што ќе ја завршат нема да биде совршена, но ќе научат дека парите кои ќе ги добијат од Вас им се заработени.

2. Научете да ги штедат парите

Откако Вашето дете ќе заработи доволно пари, ќе треба да го научите да ги дели парите на три дела: еден дел од парите треба да ги штеди, другиот дел да ги потроши и третиот дел да ги даде некому за да му помогне. Со оваа навика ако расте Вашето дете, ќе ја има и во своите зрели години.

3. Собери доволно пари за да си го купиш она што го сакаш

Вашето дете сака нов велосипед. Поставете ја оваа цел со Вашето дете и заедно вложувајте се додека не ги собере парите за новиот велосипед. Зададете му дополнителни задачи. За да го добие она што го сака, ќе научи да ги реализира целите кои ќе научи да ги поставува и понатаму во животот.

Овие три лекции се најважните кои треба да ги знае секое дете. Направете лекциите да бидат едноставни и забавни, па дури и Вие ќе се изненадите колку Вашето дете ќе стане свесно за вредноста на парите.

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.