10 работи кои ве нервираат што Ви се случуваат во бременоста

10 работи кои ве нервираат што Ви се случуваат во бременоста1. Се ​​чувствувате најлошо од било кога до сега и никој тоа не може да го разбере како што треба. Првиот триместар носи утрински мачнини, повраќање, вртоглавици, запек, бескрајно развиено сетило за мирис и кој знае уште што се ви пречи и недостасува.

2. Ќе, речеме дека ви се јаде се живо и диво, но во исто време и ви се лоши и повраќа. Страшно ве нервира ова и одвај чекате да помине овој период од бременоста…во надеж дека ќе помине, си се тешите самата и затоа ве нервира се што се наоѓа околу Вас.

3. Сигурно си велите…ај само кога ќе се породам, ќе си уживам во храната. Не, не, не. Ова нема сигурно да се случи, особено во првите месеци после породувањео. Сигурно нема да се сеќавате на ова што сте го кажале.

4. Вашите гради ве болат, грбот исто боли , дури и лицето ве боли… но, затоа ако се пожалите, сите ви ги кажуваат генерално истите зборови, овие болки се слатки, издржи ќе помине. Овој муабет ви оди на нерви, па затоа одете си на едно пивце со печени крилца на жар. Ќе се расположите.

5. Е, сега на ред е Вашиот брачен другар. Дали разбира во суштина што Ви се случува? Се соживува со вашата физиолошка состојба, но не ви е во кожа да знае точно како ви е. Неговото потресување за вашето расположение и болки и тоа како ви е важно…Веправи негова „маза“.

6. Ако сте вработена мајка , малку ситуацијата е поразлична. Секојдневните обврски со децата и уште бременоста, прави да се чувствувате како да ве поминал воз.

7. Вашата стара облека веќе не ве собира. Градите изгледаат како да не ви припаѓаат на Вас. Време е за шопинг на труднички панталони и неколку парчиња широка облека. Не купувајте премногу, стомакот треба уште да расте, но и временските услови ќе ви го диктираат темпото на купување.

8. Вашето тело никогаш повеќе нема да биде како порано. Ви се појавиле стрии, се рашириле колковите. Само фитнес и аеробик е лекот за враќање во форма после породувањето.

9. Ви се појавиле прв пат во живот акни и што е уште полошо, гингивит. Најмалку 65 % од бремените жени имаат воспалени и крвави непца  во текот на бременоста.

10. И на крајот, има уште многу, многу работи кои ќе Ви пречат во бременоста, но навистина со тек на време се ќе помине…па ќе заборавите на сите „мачења“ што сте ги проживеале, затоа што доаѓа светлината на Вашиот живот….Вашето најмило и најсакано бебе.

Со лесно!!!

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.