Информација за родителите: На Балканот брзо се шири нова дрога во вид на желе бонбона

Информација за родителите: На Балканот брзо се шири нова дрога во вид на желе бонбонаСе појави нова дрога во Германија, која е многу популарна и која дилерите ја делат по школите ширум западна Европа. Ја викаат јагода квик или јагода мет. Мириса на јагода, а изгледа како гумена желе бонбона. Има и други вкусови, но овој вкус е најраширен и најпопуларен. Ова е еден нов облик на кристал мета, познат како „јагода мета“, т.е. е еден вид на метамфетамин кој има катастрофално дејство, кој за кратко време (со користење од околу две години) го фрла човекот во смрт.

Постои вознемиреност во Србија, бидејќи веќе е појавена на српските улици. Затоа родители, информирајте ги своите деца за оваа дрога и предупредете ги за последиците од истата.

Информација за родителите: На Балканот брзо се шири нова дрога во вид на желе бонбона

Кристал мета (Crystal Meth) е синтетичка дрога и е позната како „дрога за сиромашни“. Овој прав е во вид на ситни кристали коj личи на мраз, се зема орално или преку цигара. Со негово консумирање се активираат одредени мозочни ќелии кои предизвикуваат силна физичка и психичка зависност. Се појавува осетливост, исцрпеност, депресија, раздразливост и изгубеност. Оваа дрога е поопасна од кокаин и од хероин, бидејќи го уништува мозокот, централниот нервен систем, предизвикува екстремна анорексија, го уништува срцето и кардио-васкуларниот систем каде доведува до смрт.

Родители, некои симптоми кои треба да го пробуди алармот во ВАС се следниве: вознемиреност, губење на апетитот, агресивност, многу честа промена во расположението, несоница, промена во физичкиот изглед (забрзано слабеење) и сл.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.