Храна богата со фолна киселина

Храна богата со фолна киселинаФолната киселина треба да се внесува во доволни количини доколку сакате да забремените или сте на почеток од вашата бременост. Во прилог следува храна која е богата со фолна киселина и која треба да ја вклучите во вашето секојдневно мени.

 

 

 

 

 

  1. Леќа Леќа

Леќата содржи висок процент на витамини од групата Б, што поволно влијае на нервниот систем, на кожата и косата, додека високата количина на железо помага при слабокрвноста. Препорачлива е за трудници, бидејќи богата е со протеини и со растителни влакна .

 

 

  1.  Зелен лиснат зеленчукЛиснат зеленчук (зелка, марула, спанаќ)

Спанаќот, брокулата, зелената салата и другите темни лиснати зеленчуци се богати со фолна киселина и витамин Е. Половина шолја варен спанаќ обезбедува 33 проценти од дневните потреби за фолна киселина, половина шолја варена брокула обезбедува 10 проценти од дневните потреби и исто толку обезбедува и пола шолја зелена салата.

100 грама цвекло содржи 45 мг фолна киселина, кељот содржи 37 мг. Друга храна богата со фолна киселина: карфиол, зелка, зелена пиперка, тиквица, крставица, сок од домати и авокадо.

100 грама сурова зелка содржи дури 42 мг витамин Ц. Богата е со витамините А и фолна киселина, како и минералите: магнезиум, железо, фосфор, калциум, калиум и натриум. Постојат повеќе видови на зелка, а најпознати се бела, црвена зелка и кељ. Црвената зелка е до седум пати повеќе лековита од белата зелка.

  1. ОвошјеОвошје (портокал и цитрон)

Една голема шолја од портокал задоволува 27 проценти од дневните потреби за фолна киселина. Додека пак, една голема шолја од цитрон обезбедува 23 мг фолна киселина, исто толку обезбедува и шолја од сок од ананас.

Фолна киселина има ѝ во банана, јаболко, како ѝ во диња. Околу осум јагоди со средна големина обезбедува 20 проценти од препорачаните дневни потреби на фолна киселина.

 

  1. Црвен гравЦрвен грав

Црвениот грав е богат со антиоксиданси и е преполн со протеини, фолати, минерали и растителни влакна. Тоа е храна со малкумасти. Има неколку важни предности, како зголемување на способноста на телото да гори масти, контролирање на шеќерот во крвта, па дури и намалување на ризикот од рак.

Половина шолја варен грав содржи 115 мг на фолати.

 

  1. БрокулаБрокула

Брокула содржи големи количини на фолна киселина, која е од суштинско значење за пренаталниот развој на бебето.

Една шолја варени брокули содржи околу 104 мг на фолати, т.е. задоволува околу една четвртина од дневните потреби на фолна киселина.

Брокулата е мешункаст зеленчук кој е добар извор на витамин Ц и бета -каротин, богат со влакна, а исто така обезбедува калциум и железо.

  1. ЛебЛеб збогатен со зрна

Житарките од цело зрно се богати со фолна киселина и магнезиум.

Житните зрна се составени од три дела: обвивка, ‘ртулец и јадро. Во секој од нив има  хранливи материи. Јадрото на житното зрно е богато со сложени јагленохидрати и протеини, кои се основен извор на енергија и на мали количества минерали и витамини. ‘Ртулецот или ембрионот содржи антиоксиданси, витамини од групата на Б комплекс, витамин Е и незаситени масни киселини. Обвивката, пак, е извор на растителни влакна, минерали и витамини.

  1. Семки од сончогледСемки од сончоглед

Семките од сончоглед се богати со омега-3 масни кислеини, витамин Е и селен, кои се важни за здрава и убава кожа.

Семките на сончогледот го спречуваат зголемувањето на холестеролот во крвта. За време на бременоста го обезбедува организмот со незаситени масни киселини, кои се исклучително важни за развојот на плодот. Една рака сончоглед содржи  околу 82 мг фолна киселина.

 

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.