X – Фактор ѕвездите презадоволни од гостопримливоста на Кратовчани

Kratovski zlatni denovi 2014”Првпат доаѓаме во градот Кратово, но сигурно не и последен. Навистина сме благодарни за се што Кратовчани направија за нас, почнувајќи од гостопримливоста па се до нивната желба да се забавуваат и пејат со нас, нешто што беше навистина. Многу сме среќни што бевме дел од вакво случување и што се дружевме со најраспеаната публика пред која досега сме имале можност да настапиме. А, никако да не ја заборавиме и пастрмајлијата – солен ама многу вкусен специјалитет, беа само дел од коментарите на ѕвездите од X Фактор кои настапија на овогодинешниот фестивал во Кратово.”

Од 20 до 22 Јуни, градот Кратово беше центарот на музичките случувања во Република Македонија. Кратовските Златни Денови 2014 беа вистинско уживање за сите присутни. Неколку дена по завршувањето на манифестацијата, организаторите но и артистите кои настапија на некоја од трите сцени распоредени низ градот, ги изнесоа своите импресии од фестивалот кој имаше за цел да го врати златниот сјај на овој прекрасен град. Задоволни и полни со импресии беа и Кратовчани…посакуваат Кратовските Златни денови да прераснат во традиција.

Маид, Тамара, Доктори, Даниел Кајмакоски, Оџила, Љубојна, Тајфата, Диџеј Панчо, Диџеј Бранчез, како и сите тамбураши кои беа дел од фестивалот имаа да кажат само убави зборови за градот, локалните жители, гостопримливоста, како и традиционалните специјалитети кои имаа можност да ги пробаат.

„Првпат доаѓаме во градот Кратово, но сигурно не и последен. Навистина сме благодарни за се што Кратовчани направија за нас, почнувајќи од гостопримливоста, па се до нивната желба да се забавуваат и пејат со нас. Многу сме среќни што бевме дел од вакво случување и што се дружевме со најраспеаната публика пред која досега сме имале можност да настапиме. А, никако да не ја заборавиме и пастрмајлијата – солен ама многу вкусен специјалитет”, беа само дел од коментарите на ѕвездите од X Фактор кои настапија на овогодинешниот фестивал во Кратово.

Маид се заљуби во овој мал македонски град, Тамара уживаше да биде дел од тимот кој ги забавуваше присутните, додека Даниел Кајмакоски беше благодарен на публиката за која живее и која му дава сила да работи и да ги забавува.

И останатите изведувачи понесоа одлични впечатоци од Кратово. Тамбурашките состави  останаа импресионирани од тоа како публиката ги прифати и уживаше во нивните настапи, Оџила уште на сцената порачаа дека се благодарни на публиката за тоа како се прифатени во овој мал македонски град, додека диџеите кои стандардно ги водеа забавите на сцената покрај базенот, беа изненадени од младите кратовчани кои до раните утрински часови се забавуваа на нивната музика.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.