Прес-конференција на клуб Матица: Најава на почеток на кампањата „Со книга на плажа”

Прес конференција на клуб Матица„Кампањата „Со книга на плажа” секоја година ја дополнуваме со активности кои веруваме дека се интересни за читателите. Секоја година избираме „Хит на летото”, а оваа година тоа е последната книга на Јелена Бачиќ Алимпиќ „Последната пролет во Париз”, која според нашите читатели е апсолутен хит на годината. Дополнително, активностите кои во соработка со туристичките агенции ќе се реализираат летово имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да ги посетат македонските туристички центри, но и оние кои ќе решат својот летен одмор да го поминат некаде во странство, да се дружат со книгата да читаат повеќе, изјави Дејан Павлески, директор на Клуб Матица“.

 Клубот Матица ја најави летната 15 та – јубилејна акција „Со книга на плажа” која ќе се реализира во летните месеци. На прес конференција беа најавени различни активности кои имаат за цел да се поттикнат граѓаните да читаат секаде, па и за време на нивниот летен одмор.

Во рамките на кампањата, од Клуб Матица го најавија книжевниот хит кој ќе го одбележи летото. Книгата „Последната пролет во Париз” од познатата авторка Јелена Бачиќ Алимпиќ е прогласена за „Хит на летото”, со што се потврдува популарноста на делата на Бачиќ во Република Македонија.

Дополнително, Клуб Матица ги претстави и активностите кои ќе ги реализира во соработка со туристичките агенции од земјава – првата под наслов „Да патуваме во Македонија”, проект со кој е предвидена бесплатна книга за сите оние кои ќе купат аранжман за некоја од туристичките дестинации во Македонија. Втората активност насловена „Да летуваме подготвени”, се однесува на поволностите и попустите кои Клуб Матица ги подготви за сите граѓани кои ќе купат туристички аранжмани во туристичките агенции во Република Македонија за патување во странските туристички дестинации.

„Кампањата „Со книга на плажа” секоја година ја дополнуваме со активности кои веруваме дека се интересни за читателите. Секоја година избираме „Хит на летото”, а оваа година тоа е последната книга на Јелена Бачиќ Алимпиќ „Последната пролет во Париз”, која според нашите читатели е апсолутен хит на годината. Дополнително, активностите кои во соработка со туристичките агенции ќе се реализираат летово имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да ги посетат македонските туристички центри, но и оние кои ќе решат својот летен одмор да го поминат некаде во странство, да читаат повеќе”, изјави Дејан Павлески, директор на Клуб Матица.

Покрај овие активности, годинава се повторува кампањата „60 летни денови – 60 нови наслови”, со што на барање на граѓаните повторно ќе се одбираат летни наслови по промотивни цени, секој ден во текот на наредните месеци.

Иновативната прес конференција беше одржана на Базен Аеродром, што не беше воопшто случајно. Имено, овој најголем отворен базен во Македонија е првиот „book friendly” базен. Со секој купен билет за Базен Аеродром, сите посетители ќе добиваат ваучери со попуст за изданијата на Клуб Матица.

На прес конференцијата говореа и Влатко Серафимов, претставник од туристичката агенција ОК Травел кој говореше за одличниот начин на промоција на читањето преку делењето на ваучери за граѓаните со сите купени аранжмани, додека туризмологот Зоран Николовски говореше за одличната идеја да се доделуваат бесплатни книги за сите оние кои ќе одмораат во туристичките центри во  Република Македонија, бидејќи на тој начин се мотивираат да ги посетат овие места наместо да ги избираат странските туристички дестинации.

Во летниот период, во клуб Матица ќе се собираат и книги од читателите но и лектирски изданија на Матица, кои ќе бидат подарени на децата од социјално загрозени семејства за време на летувањето.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.