Како најлесно да пресметате кој месец и недела сте од бременоста

бременост пресметкаПорано жените бременоста ја пресметувале во месеци. Па, и денес многу често жените самите си пресметуваат, каде знаат да кажат: „ Бремена сум четири месеци, но сега ќе влезам во петти месец“ или пак, „ Сега сум во деветти месец“.

Докторите бременоста ја водат по недели. Целата бременост е распоредена во 40 недели или вкупно 280 денови. Неделите се пресметуваат многу лесно:

–       Првиот ден од Вашата последна менструација е и првиот ден од Вашата бременост. Првата недела од Вашата бременост сте имале менструација, во втората недела сте имале овулација и во третата недела доаѓа до оплодување на јајце-клетката.

На пример: Последната менструација сте ја имале на 1 септември. На оваа дата, математички додавате 9 месеци и една недела. Ова значи, на 1 септември ако додадете 9 месеци е 1 јуни + 7 дена = краен термин за породување е 8 јуни.

Ако на 1 септември, математички додадеме 7 дена, тоа значи дека добиваме број 8 кој лесно може да го паметите, бидејќи оваа бројка ќе ви биде датумот кога ќе влегувате во наредниот месец.

На пример: На 8 октомври влегувате во вториот месец, на 8 ноември влегувате во треттиот месец итн.

Ова е начин на пресметување според менструацијата на жената, но после првиот ултразвичен преглед, бременоста може да се пресмета според староста на плодот, т.е. може да се разликува поради овулацијата која можно е да се случила 14 дена после менструалниот циклус.

бременост пресметка

Наједноставен начин да пресметате во кој месец сте од бременоста е следниов:

1 недела – 4 недела = 1 месец
5 недела – 8 недела = 2 месец

9 недела – 13 недела = 3 месец

14 недела – 17 недела = 4 месец

18 недела – 22 недела = 5 месец

23 недела – 27 недела = 6 месец

28 недела – 31 недела = 7 месец

32 недела – 35 недела = 8 месец

36 недела – 10 недела = 9 месец

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.