Омега-3 масните киселини важни за трудници со кардиоваскуларни проблеми

Омега-3 масните киселини важни за трудници со кардиоваскуларни проблемиСпоред едно истражување спроведено од страна на австриски научнци, се покажало дека оние трудници кои земале дополнително омега-3 масни киселини, имаат помала шанса од предвремено породување, но и поволно влијае врз менталниот и физичкиот развој на децата, како и врз развојот на способноста за говорење.

Истражувањето траело од 2005 до 2010 година, каде учествувале 2.400 трудници. На дел од трудниците кои биле во 19 –тата недела од бременоста им било дадено дополнително да пијат и јадат храна богата со омега-3 масни киселини се до породување. Резултатите биле: 50% помалку предвремени породувања и 35% помал број на бебиња со ниска родилна тежина.

Во храната, омега-3 масните киселини ја има во риба и рибино масло, карфиол, ореви, ленено семе, семки од тиква, тиквички. Се препорачува посебно за трудници кои имаат проблеми со кардиоваскуларни болести.

Омега-3 масните киселини, помагаат во намалување на згрутчување на крвта и појава на срцев и мозочен удар. Туната ги спречува воспаленијата и создавањето на крвните згрутчувања. 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.