Што треба да содржи летната аптека за безгрижен одмор

Што треба да содржи летната аптека за безгрижен одмор Лето е. Сигурно многумина од Вас веќе се подготвуваат за летниот одмор. Правите списоци, кроите планови, избирате дестинација, но постојано само едно Ви се врти во глава: „Што ако заборавам нешто“. Многу прашања отвораат дилеми што да понесете, но Вие сепак на крајот ја носите половина куќа со себе. За безгрижно семејно летување, најважно од сè е со себе да ги понесете соодветните лекови за прва помош. Вашата летна аптека треба да содржи:

  1. Таблети против гадење и повраќање при патување

Ваквите таблети се даваат непосредно пред патување, (кога веќе ќе се појават мачнините не треба да се земаат, бидејќи тогаш може да се поврати лекот).

  1. Средства за намалување на покачена телесна температура и болки

Парацетамол (Febricet, Paracet, Eferalgan ….) или ибупрофен, се лекови кои ефикасно ја намалуваат температурата. Сирупите се погодни за децата, но ако детето го повраќа сирупот најдобро е да користите супозитории (не се користат ако детето има пролив). Овие лекови може да бидат и добри аналгетици за ублажување на болката, а може да помогнат и во лекувањето на сончаница со  земање голема количина на течности.

  1. Лекови против алергија – антихистаминици

Појавата на алергии за време на летниот одмор, се повеќе станува неизбежна. Се појавува како акутна реакција од солена вода, сонце, храна, инсекти и сл. Важно е да се дејствува брзо. На детето може да му дадете антихистаминик сируп. Овие лекови се многу ефикасни, бидејќи може да ги ублажат ѝ симптомите кои се појавуваат при изгореници предизвикани од прекумерно сончање.

4. Капки за нос – солени капки за чистење на носот

5. Капки за очи – честото седење во песок и триењето на очите може да доведе до воспаление.

6. Раствори за рехидратација во случај на дијареа и повраќање – за надоместување на изгубена течност во телото.

7. Пробиотици, лаксативи, таблети од медицински јаглен – се употребуваат за регулирање на цревната флора, против желудочни или проблеми со варењето.

8. Средства против опстипација (запек)

9. Средства за дезинфекција на кожа и рани (хидроген 3% спреј), стерилни гази, завои и фластери – во случај на повреда, за третирање на исеченици или гребаници.  

10. Антибиотици – во консултација со лекар

11. Препарати за заштита од сонце со заштитен фактор Нанесувајте крема на секои 2-3 часа, особено кога ќе излезете од вода. Посебно внимание и заштита им е потребна на бебињата и малите деца. Половина час пред да излезете на сонце, да го намачкате целото тело на детето со видлив слој од заштитната крема. Користете препарати со SPF 50, кои се специјално наменети за бебиња и деца, но прво проверете дали имаат двојно поголема UV заштита (UVA и UVB). Не заборавајте, доколку е времето облачно, неопходна е иста заштита, бидејќи UV зрачењето продира низ облаците.

12. Средства за ублажување на изгореници од сонце и за смирување на иритации и воспаленија на кожата од убоди од инсекти

13. Средства за заштита од комарци

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.