Како сами да ги намалите отоците во бременоста

Како сами да ги намалите отоците во бременостаТоплото време, солената храна и газираните пијалоци се едни од главните причинители за појава на отоци во бременоста. Постојат неколку работи кои можете сами да ги применувате за да ги намалите отоците кои сигурно ве мачат во овие жешки денови.

Задржувањето на течности во телото за време на бременост е нормална појава, која подразбира тешко движење, болки во нозете и рацете, непријатност, но и можен показател дека трудницата има висок крвен притисок, недоволна циркулација на крвта или прееклампсија.

Во текот на третото тромесечие, плацентата која расте најинтензивно врши притисок врз главните крвни садови кои ги носат течностите во стапалата и зглобовите. Поради дејството на хормоните во бременоста, најмногу се задржува течност во ткивата, отколку во крвните и лимфните садови.

Од отоци најмногу страдаат нозете, особено ако стоите подолго време. Друга причина за појава на отоци се и недоволниот внес на протеини во исхраната, како и зголемената телесна тежина.

Доколку се појават отоци на лицето (можно е нарушување на видот) или се појави оток само на едната нога или рака, појдете на лекар, може станува збор за пореметување на функцијата на бубрезите.

Како да проверите дали имате отоци на нозете?

Со прст притиснете на предниот дел од ногата, на главната коска и доколку остане „бела“ трага од притисокот на прстите, тогаш имате отоци.

Како можете сами да си помогнете?

Најпрво исклучете ја солта во исхраната, особено соленото сирење. Солта која се наоѓа во лебот е сосема доволна за целиот ден. Пијте многу вода, немојте да пиете газирана вода, бидејќи таа прави големи отоци.

Одмарајте почесто, особено со подигнати нозе. Кога лежите задолжително ставете перница помеѓу нозете, така циркулацијата во нозете се подобрува. Лежете на левата страна, така нема да ги притискате големите крвни садови, кои се наоѓаат во десниот дел на градниот кош, кој се грижат за протокот на крвта во долниот дел на телото.

Правете лесни физички вежби соодветни за бременоста или правете умерени прошетки кои ја стимулираат циркулацијата. Немојте да седите со прекрстени нозе, долго да стоите и седите.

Носете лесна и удобна облека, особено во летните топли денови. Блага масажа на стапалата е препорачлива, како и носење на удобни и ниски обувки.

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.