Sвездата на „Х Фактор” Даниел Кајмаковски со химна за Lovefest 2014

DANIEL KAJMAKOSKIДаниел Кајмакоски, победникот на овогодинешното издание на „Х Фактор” во соработка со белградскиот диџеј John Jogurt и дуото Calavera & Manya, ја сними химната за музичкиот фестивал Heineken Lovefest 2014, кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти Август во Врњачка Бања, Република Србија. Талентираниот Македонец, во чиј глас се заљубија сите земји од поранешните ЈУ- простори, истакна дека му било чест да соработува со млади диџеи, како и дека му претставува особено задоволство да биде дел од проект кој ја слави љубовта.

„Можам да кажам дека би беше особена чест и задоволство да соработувам со исклучиво талентирани луѓе како што се Calavera/Manaya  и John Jogurt. Ме прави горд тоа што имав прилика да бидам дел од овој проект и тоа што оваа песна е избрана како официјална химна на овогодинешниот Love Festival. Сметам дека Љубовта е движечка сила не само меѓу луѓето туку и во целиот Универзум и се надевам дека оваа песна ќе помогне луѓето да се потсетат кои сме и зашто сме овде”, изјави Кајмакоски.

 

Слушнете ја химната на Heineken Lovefest „Love Stimulation“ Poster GLAVEN

 Осмото издание на фестивалот на љубовта ќе пречека дел од водечките претставници на светската музичка сцена, како хаус ѕвездата Eric Prydz, британските диџеи Mark Knight и James Zabiela,  како и претставниците на техно сцената на Детроит, Jeff Mills, Robert Hood и Kenny Larkin. Меѓу огромниот број изведувачи кои доаѓаат од сите страни на светот се наоѓа и холандскиот диџеј Tom Trago, германското дуо Tiefschwarz, норвешкиот суперстар Finnebassen, Doctor Dru, како и сопственикот на реномираниот „Novel Sound”, Levon Vincent.

Македонски претставник на овој извонреден фестивал ќе биде одличниот Гоце САФ. На сцената која е посветена на промоција на електронската музика ќе настапат и едни од најголемите регионални ѕвезди како Marko Nastić, Marko Milosavljević, Dejan Milićević, Vlada Janjić, како и минатогодишната победничка на натпреварот Burn Residency Lea Dobričić.

Како и секоја година, музичката програма нуди артисти и за љубителите на рок и хип хоп музиката, а ѕвезди на Bushmills Love сцената ќе бидат Partibrejkersi, Bad Copy, Let 3, црногорското дуо Who See,Rambo Amadeus, Kanda Kodza I Nebojsa, VIP и многу други изведувачи кои ќе ја заокружат бројката од 40 артисти за овогодинешниот Lovefest.

Цената на билетот за три фестивалски дена изнесува 999 денари, додека цената за влезниците за сите три дена со вклучен превоз изнесува 2699 денари. За сите оние кои ќе набават три карти преку онлајн продажната мрежа на МКТикетс, добиваат една гратис! Картите можат да се набават на продажната мрежат на МКТикетс, како и сите продажни салони на ОНЕ низ Републиката

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.