Препораки за заштита од листерија

listerijaОпасната бактерија листерија може да го разболи човекот најрано за 15 дена, но може да се појави и после 70 дена од консумирање на храна во која е присутна оваа бактерија. Листеријата не се пренесува од човек на човек, но брзо се развива и шири. Може да преживее дури ѝ во фрижидер. Се уништува при термичка обработка на храната, т.е. со печење и варење на храната над 70 ͦ степени.

Со цел спречување на појава од заразни заболувања, кои се пренесуваат преку храна, Министерството за здравство ги повикува граѓаните на почитување на следните превентивни мерки за заштита на здравјето:

– Темелно миење на рацете пред подготовка и пред консумација на храна и почесто миење на рацете за време на подготовка на храната.

– Храната да се користи веднаш по подготвувањето, а доколку не се употреби веднаш, да се чува на температура од 2 до 8 степени Целзиусови (во фрижидер), и при повторна употреба да се загрее на температура над 70 степени Целзиусови.

– Да не се консумира сирова или недоволно термички преработена храна, посебно месо и преработки од месо, непастеризирано млеко, млечни производи и јајца.

– Сировата и подготвената храна да се чуваат во фрижидер одделно, во посебни заштитени садови, со што ќе се избегне можност за загадување на веќе подготвената храна.

– Не оставајте подготвена храна на собна температура подолго од 1 час, односно подготвената храна ставете ја во фрижидер веднаш по користењето, каде препорачливо е да се чува максимум три дена и јадењето да не се подгрева повеќе од еднаш.

– Свежиот зеленчук, овошјето и салатите потребно е темелно да се измијат под силен млаз вода – пред јадење, сечкање или готвење.

– Во летен период избегнувајте лесно расиплива храна, како што се мајонези, кремови, сладолед од свежи и термички необработени јајца.

– Да се консумира безбедна вода за пиење, а доколку не сте сигурни за нејзиниот квалитет, пред употреба задолжително да се преврие.

– Кај бремените жени, лица со хронични болести, лица со намален имунитет, лица над 65 години и мали деца, потребно е поголемо внимание при консумација на храна во летниот период. Освен почитувањето на општите превентивни мерки, наменети за целото население, овие лица треба да ги почитуваат и следните препораки за заштита на здравјето:

– Да избегнува користење непастеризирано млеко и млечни производи од непастеризирано млеко, како што се меки сирења, намази и слично.

– Да се избегнува консумирање паштети, сувомесни производи, чадена риба и други чадени и термички необработени месни производи

– Да се избегнува користење на претходно подготвени овошни и салати од зеленчук (термички необработени)

– Да се избегнува консумирање сладолед, мајонез и кремови подготвени од свежи или недоволно термички обработени јајца.

– За ризичната категорија лица се препорачува користење на свежо приготвена храна во домашни услови.

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.