Започна учебната година за основците и средношколците

Startuva novata 2014/15Започна првиот училишен ден за основците и средношколците ширум нашата земја. Околу 280.000 ученици ги наполнија училишните клупи, започнувајќи ја новата учебна 2014/2015 година.

Малку повеќе трема имаат првачињата кои денеска за прв пат ќе го почувствуваат новиот ритам на животот и обврските, кои за момент ќе ги направи позрели и поодговорни.

Околу 20.000 дечиња тргнуваат на училиште. Овој возбудлив ден за малите првачиња е почеток за прифаќање на нови одговорности, прилагодувајќи се на новата средина и новите предизвици кои ги носи животот.

Оваа учебна година започнува со засилени хигенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на заразна жолтица. Задолжително миење на рацете пред да се влезе во училница, препорачуваат здравствените власти. 

Во неколку општини, пред почетокот на учебната година се одржаа и обуки за заштита од жолтица. Општина Карпош е добар пример за организирање на предавања на кои беа присутни вработените од градинките, училиштата како и претставници од Општината.

Целта на предавањата беше запознавање со овие причинители на болестите од медицински и технолошки аспект, нивно препознавање, дијагностицирање и справување, односно како и на кој начин вработените да ги препознаат симптомите и следствено на тоа да преземат превентивни активности. 

Ова беа првите од низата предавања од ваков карактер и во иднина сите градинки и основни школи ќе бидат опфатени, со цел да се подигне нивото на претпазливост и свеста кај вработените во овие институции на територија на Општина Карпош.

Децата од основните училишта во општина Аеродром учебната година ќе ја започнат во нови униформи. Облеката со која ќе ја посетуваат наставата е задолжителна, а обврската за учениците произлегува од одлуката на локалната власт, под чија надлежност се основните училишта. Локалната власт обезбеди по еден бесплатен комплет за машките и за девојчињата за што се потрошени околу седум милиони денари за 6.000 деца.

Оваа учебна година, новина е што учениците од прво до трето одделение ќе изучуваат предмети кои до сега се учеа во повисоките одделенија, хемија, физика и биологија. Ќе има промени и во целиот наставен програм, ќе се применуваат методи на учење од Кембриџ.

 

 

 

 

Кафе игротека Слонче

Kosili
Прашајте доктор

Моебебе рецепти

Активности на Facebook

Веб порталот moebebe.com.mk нуди содржини од информативен и едукативен карактер, содржините не се замена за стручен лекарски совет. Доколку имате некој здравствен проблем, Вие или Вашето дете, побарајте стручно лекарско мислење.

Содржините на порталот МоеБебе се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од администраторите на овој портал.